Леао мајсторе сакаше да ја нафрлиш или?

Додека во Унгарија и Словачка синоќа почна турбо ракометната програма, во Купот на Италија се играа две осминафинални средби. И двете траеа по 120 минути, а елиминирани беа Елиф Елмас и Горан Пандев. Наполи - Фиорентина 2:5 и Милан - Џенова 3:1.

Џенова долго време беше во водство на Сан Сиро од 17 минута, но Жиру во 74-та израмни, а Леао и Салемакерс стрелаа во продолженијата.

За издвојување е мајсторијата на 22 годишниот португалски напаѓач, кој наверојатно имаше намера да бие директно во гол.

Убавиот пречек за Андриј Шевченко

 

14 јануари 2022 - 08:14