Македонската ракометна репрезентација одигра добро, борбено, храбро, за жал недоволно за победа. Но сепак пред себе имаа селекција со фаворитски статус и со доста габаритни момци кои тегнеа за врат како да се на некој боречки спорт.
Згора на сè во очи на мечот останавме без капитенот Кире Лазаров кој фалеше многу на десната бековска позиција, а пред поаѓање имавме пет позитивни на Ковид. Што значи комплетни веројатно и ќе ги добиевме.
Стартот на дечките е ветувачки, а статусов за Тале држи вода. Да потсетиме со каков проектил го отвори мечот, нотиран и од страна на ЕХФ.
Filip Taleski becomes the first Macedonian 🇲🇰 to score at the #ehfeuro2022 with a magnificent long-range shot 💥#watchgamesseemore pic.twitter.com/ou1fcdy3Fn
— EHF EURO (@EHFEURO) January 13, 2022