После сите критики и плукања, Филип Талески одигра натпревар за паметење, можеби најдобар во дресот на македонската репрезентација. Беше екстра мотивиран, ослободен од стеги и полн со самодоверба, а Романците немаа лек за неговите проектили. Едноставно ги растури, а од трибините во еден момент се скандираше неговото име.