Проектилот на маестралниот Талески за нов трофеј на Вардар
Филип Талески сезонава игра како препороден и за клуб и за репрезентација. Во полуфиналето го торпедираше Еурофарм Пелистер 2 со 9 парчиња, а во финалето против Еурофарм Пелистер ја презеде одговорноста во последната акција и со бомбастичен погодок му донесе победа на Вардар од 23:22 за титула во Купот број 15. Го прогласија и за МВП. Инаку Вардар на полувреме губеше 8:12.