Официјално: Поништена е визата на Новак Ѓоковиќ

Неколку часа откако се стиши бурата околу најдобриот светски тенисер и властите во Австралија, денес стигнуваат нови вести од Мелбурн. Нималку пријатни за светскиот рекет број 1.

Министерот за имиграции на Австралија Алекс Хок ја искористил можноста и ја поништил претходната одлука на Федералниот суд во Мелбурн.

Откако драмата траеше неколку дена, одлуките и вестите се менуваа како на лента од час во час, сега министерот за имиграции на Австралија Алекс Хок одлучил да ја поништи визата на Новак Ѓоковиќ и со тоа да му го загрози настапот на Австралија Опен кој почнува во понеделник.

Најдобриот светски рекет број 1 треба во понеделник да игра во прво коло, а ждрепката одлучи да му се падне сонародникот и колега од репрезентацијата Миомир Кецмановиќ.

Доколку Ѓоковиќ не се жали на оваа одлука или доколку се жали а жалбата не му биде одобрена, за време на викендот ќе биде депортиран од Австралија.

„Го искористив своето овластување со Законот за имиграции да ја поништам визата која што ја има Новак Ѓоковиќ. Од здравствени причини и добар ред за сите во јавниот интерес. Одлуката следува по налогот на Сојузниот и окружен суд, донесен на 10. јануари, со која се поништува претходната одлуката за укинување на визата. Внимателно ги разгледав сите информации од министерството за внатрешни работи и австралиските гранични сили. Владата на Морисон (премиерот Скот Морисон) цврсто е посветена на заштитата на границите на Австралија, посебно во време на пандемија“, стои во соопштението на министерот за имиграции на Австралија.

Во време кога министерот ја соопштил оваа одлука, Новак Ѓоковиќ тренирал на еден од терените на Австралија Опен, но после половина час го прекинал тренингот откако неговиот кондициски тренер Марко Паничи на мобилен телефон му ја покажал веста.

Германски „Билд“ пишува дека Ѓоковиќ му пришол на тренерот Паничи, нешто гледале на мобилниот телефон и наеднаш го прекинале тренингот кој во првите 15 минути бил отворен за медиумите.

Во меѓувреме адвокатите на Ѓоковиќ побарале брзо судење по случајот:

14 јануари 2022 - 08:40