Индијана не се предава, ќе гледаме мајсторка во финалето по 9 години

Пејсерси направија подвиг против Оклахома како фаворитот за титулата и се изборија за седми натпревар кој ќе се игра само 20-ти пати во историјата на НБА лигата.

Со конечни 108:91, кошаркарите на Индијана Пејсерс ја добија Оклахома Сити Тандер во шестиот натпревар од големото финале на НБА лигата и изедначија на 3:3.

Тоа значи дека за па првпат после 2016 година ќе гледаме седми натпревар во финалето. Тогаш Кливленд Кавалирс ги победија Голден Стејт Вориорс и го освоија титулата.

Клучот на успехот на Пејсерси лежеше во колективната игра и сјајниот придонес од клупата. Дури шестмина играчи постигнаа двоцифрен број на поени.

Втората четвртина ја добија со 36:17 и на полувреме отидоа со +22, предност која без проблем успеаа да ја задржат. Гостите всушност беа нокаутирани и во еден момент губеа со 31 поен разлика, 93:62.

Во последната четвртина веќе не се ни обидуваа да се борат за пресврт и играа со резервистите кои само успеаа да го ублажат поразот.

Иако беше неизвесен за настап поради повреда, првата ѕвезда на тимот, Тајрис Халибертон, стегна заби, одигра 22 минути и постигна 14 поени.

Паскал Сиакем го заврши мечот со 16 поени и 13 скокови. Крилниот центар Оби Топин постигна 20 поени, а Ендру Нембард 17.

Кај поразениот тим актуелниот МВП на лигата, Шеј Гилџс-Александер беше најдобар стрелец со 21 поен, но имаше и осум изгубени топки.

Индијана беше и далеку подобра и во шут за три поени. Решетаа со 36% или 11% попрецизно од противникот.

Мајсторката се игра в понеделник во 2 часот наутро во Оклахома. Кој и да слави ќе испише клупска историја, бидејќи и двете екипи немаат освоено прстен. 

20 јуни 2025 - 09:52