Очајни вести од Дебрецин, Кире Лазаров го пропушта цело Европско

По информацијата за петмина позитивни од Ковид, од кои во меѓувреме еден доби негативен вест, пристигнуваат тазе лоши вести пред првиот меч на ЕП.

РФМ излезе со соопштение на само еден час пред дуелот со Словенија кое нејќете да го прочитате.

Кире Лазаров се повредил на тренинг и нема да може да им помогне на ракометарите на терен на ниту една средба.

Тоа значи дека веројатно тука завршува репрезентативната кариера на нашата ракометна икона, која не успеа да стане прв човек кој се појавил на едно големо натпреварување во двојна улога како играч и селектор.

Капитенот на Македонија, за жал ќе го гледаме само од клупа како дели инструкции.

Соопштението на РФМ:

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров нема да биде во можност да настапи на Европското првенство во Унгарија и Словачка, што за Македонија стартува вечерва со дуелот против Словенија од 18 часот во рамки на Групата А.

Десниот бек се повреди во текот на вчерашниот ден на првиот официјален тренинг. По прегледите направени од нашиот медицински тим констатирано е дека се работи за повреда на спојот на два мускули на левата потколеница. Потребно е мирување од три недели.

Лазаров вечерва ќе биде само на клупата и ќе го води тимот како селектор, но за жал нема да може да помогне на теренот како играч.

Одлични вести за Македонија, Митревски е негативен

 

13 јануари 2022 - 17:05