Сонот на Гатузо за кој зборуваше пред 15 години

Џенаро Гатузо денеска на прес во Рим е претставен како нов селектор на Италија. Ова е за него десетти тренерски предизвик или прв селекторски во 12 години кариера. Ги водеше Сион, Палермо, ОФИ Крит, Пиза, Милан, Наполи, Валенсија, Марсеј и Хајдук. Рино всушност го живее сонот. Во 2010-та изјави дека посакува еден ден да ја води Италија на Светско како селектор. Ја доби таа шанса и сега ќе мора да ја брка преку квалификациите.

Како падна изборот Гатузо да биде селектор на Италија?

 

19 јуни 2025 - 12:47