Атракција на вечерта, македонски специјалитет - цепелинот на Георгиевски до Кузмановски
Македонската ракометна репрезентација го загуби првиот меч на Европското првенство од Словенија 27:25, но младите ракометари во четата на Кирил Лазаров покажаа дека во нив има многу надеж за во иднина. Моментот на мечот беше цепелинот на Георгиевски и Кузмановски со кој го отворивме вториот дел.