Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Тенисерка среде меч пиеше пијалак што отвори дебата

Русинката која игра под американско знаме Аманда Анисимова за време на дуелот на Мастерсот во Синсинати против Алекс Еала, пиела пијалак кој ги подели и коментаторите и гледачите. Сок од јаболко ли е, пиво ли е?

Од преговори со Реал Мадрид до деби во 9-та лига

Некогашниот германски репрезентативец Никлас Зиле ја шокираше германската јавност откако пред пар месеци објави дека ја завршува активната фудбалска кариера. Се пензионира на само 30 години а причина за тоа се честите тешки повреди кои ги доживуваше. Имаше неколку операции, неколку пати имаше скинати лигаменти и веќе во очај поради тоа, решил да стави крај на кариерата.

Ама ги заеба

И според земањето залет и по движењето на телото, делуваше дека ќе ја нафрла. Арно ама мајстор Витор Буено од Ремо, го надмудри цел тим на Интернасионал.

Уште колку вакви сцени ни се потребни да се сетиме дека сме исто семејство?

Две словенски сестри во емотивна прегратка по освојувањето на златото и бронзата, во финалето на Европското првенство во фрлање копје.

Историски хет-трик во Бенфика за само 7 минути

Уште не почната сезоната, а веќе паѓаат рекорди. Бенфика и се истури на Каса Пиа со 0:7 во 2. коло во Португалија, а Вангелис Павлидис ги растури со 3 комада за 7 минути. Гркот го израмни рекордот на Фернандо Гомес поставен во 1988-ма. Инаку Павлидис веќе има 9 гола и 2 асистенции на 5 меча во првенство и Европа.

Обамејанг се отвори на дебито за Ла Коруња

Иако има 37 години, Пјер Емерик Обамејанг покажува како се прима тешка топка, како се завршува акција и зошто стигнал до дрес на клубови како Борусија, Арсенал, Барселона, Челси и Марсеј. Уште на првиот меч за Депортиво Ла Коруња против Елче, ги воодушеви навивачите.

Бекам на денешен ден пред 30 години

Со Шарп на дресот, историско партнерство со Манчестер кое траеше 18 сезони (1982 - 2000). Млад, 21 годишен, но со моќен удар од кој страдаа голманите, Дејвид Бекам на 17 август 1996-та, го отпиша голманот на Вимблдон на свој начин.

Необична фора со сезонски карти од француски Дижон

Францускиот клуб Дижон смислил уникатна новост пред натпревар од новата сезона во француската втора Лига 2.

Пусти Рино

Чудна, неуспешна и авантуристичка тренерска кариера тера Џенаро Гатузо. 13 години, 12 екипи во 6 земји и само еден трофеј, оној со Елмас кога го освоија Купот на Италија. Во период од 6 месеци го изеде од БиХ како селектор на Италија, па синоќа од второлигашот Мантова во првото коло од Купот, на дебито за Лацио со просечен или потпросечен тим. Само 5.528 гледачи имало на Олимпико. Навивачите протестираа против Лотито, кој инаку е на одмор.

Генерален пласман на медали на Европското првенство 2026 во водени спортови во Париз

Во Париз од 31-ви јули од 16-ти август се одржа Европското првенство во водни спортови, а најмногу медали освоија Велика Британија, Италија и повратникот Русија.

Искусен пес е Томас Милер, ги учи фудбал Канаѓаните

Ветеранот и еден од најтрофејни германски фудбалери на сите времиња, Томас Милер со нов гол учествуваше во нова победа на неговиот клуб Ванкувер Вајткапс. Против Сиетл Саундерс во МЛС лигата во САД.

Арсенал го прегази Сити во првиот дуел без Пеп Гвардиола

Фудбалерите на Арсенал го освоија првиот трофеј во новата сезона откако со 3-0 го згромија Манчестер Сити во натпреварот за трофејот „Комјунити шилд“ во кој играат победникот на ФА Купот и Премиер лигата од минатата сезона. Во Кардиф на стадионот „Милениум“ стрелци на головите за топџиите беа: Рикардо Калафиори во 23-та секунда, Каи Хаверц во 28-ма и Мартин Едегор во 47-ма минута.

Душманско боксување на средношколски фудбалски меч

Малиот се вика Џексон Бергман, а настапува за средношколскиот американски тим Рапид Сити Централ. „Дајте му доживотна забрана за играње фудбал и викнете му полиција“, се главните пораки на социјалните мрежи, после ова целосно губење на контрола.

Нигериецот од кого Роналдињо учеше дриблинзи

Џеј-Џеј Окоча беше од оние незадолжителни играчи кои излегуваа на терен да играат за свој ќејф. Не го интересираше многу резултатот, ама кога ќе ја земеше топката правеше шоу какво што ретко се гледа. Бразилецот Роналдињо се начека со Окоча во ПСЖ а неколку пати подоцна изјави дека токму Нигериецот му бил идол.

Нејмар го дозна новото фудбалско правило - мораше на ладење 1 минута

Сантос игра во добра форма. Славеше 3-0 против Васко да Гама во бразилската Серија А, а овој дуел го одбележи новото фудбалско правило кое гласи: ако голман на една екипа побара медицинска помош, капитенот на тимот или кој било друг играч на истиот тим кога играта ќе продолжи, мора да го напушти теренот на една минута. Ова правило се донесе со цел да се спречат голманите „да глумат повреди“ со цел да „крадат“ време.

Пеналот на Бабунски во Струга

Актуелниот шампион на Македонија има лош старт. По елиминацијата во квалификациите од Конференциската лига од Лозана со петарда, бележи два порази во првите 3 кола од новата сезона. Вардар загуби дома од Шкендија, по што аргентинскиот стратег Фабијани доби отказ. Синоќа си замина поразен и од Струга со 1:0. Шансата за израмнување на Давид Бабунски од пенал изгледаше вака:

Вол волосан

Некој одбранбен фудбалер во бразилска четврта лига толку без осет ја рогнал топката без никаква потреба зошто веќе излегла далеку во гол-аут, што кога топката удрила во глава девојка која фотографирала крај теренот ја онесевестила па ѝ пружале помош.

Лажњак на колото

Во турската Суперлига, Амедспор го победил Ерзурмспор 3-0. Два гола дал Израелецот Саба а едниот погодок му е баш шмекерски.

Дуплантис, празно место од 15 см, па сите други

Само небото е граница за Мондо Дуплантис, човекот кој е претплатен на златни медали во скок со стап.

Нереален кош на Бугарија против Македонија

Бугарија ја совлада Македонија убедливо со 40 поени разлика (102 - 62) на Европското првенство од Б дивизијата за играчи до 16 години, на кое бевме домаќини. Ова ли е тоа на времето што го викавме „бугарски кош“?

Махачев по триумфот на УФЦ во САД: „Ние Русите сме бр.1 на светот“

На спектаклот УФЦ 330 кој се одржа во Филаделфија, Ислам Махачев го победи ирскиот борец Јан Мачадо Гари. После триумфот Русинот беше мошне емотивен. Тој славеше победа по едногласна одлука на судиите и го задржа шампионскиот појас. Махачев ја запиша 17-та победа по ред со што ја продолжи доминацијата на Русите во овој спорт.

ФИФА објави видео од камерата на судијата на големото финале на Светско

Финалето на Мундијал 2026 меѓу Шпанија и Аргентина (1:0) кое го реши Феран Торес (нов играч на ПСЖ) со гол во 106' минута од продолженијата, уште долго ќе се памети. А ФИФА сега на неколку недели по финалето објави видео од камерата на главниот судија.

Маестрален гол со ножички на фудбалер на Динамо Загреб

Динамо Загреб фуриозно ја почна новата сезона и веќе има 2/2 во домашното првенство и 3 победи во еврокуповите. Играат во баражот за пласман во Лига на шампиони против норвешки Бран. Синоќа против Рудеш славеа 4-0 а младиот центарфор Дион Дрена Бељо постигна два погодоци, еден од пенал и еден со ножички уште во 6' минута.