Offside

Физичката и ментална сила на Ѓоковиќ постои уште, но реалноста на крајот е друга. 12 од последните 14 Гренд слемови се на Алкараз и Синер. Нивната битка се очекува да стане епска и врз нив двајца да се заснова тенисот. Шпанецот води 7:5 во слемови, а Италијанецот 17:15 во вкупен број на трофеи.

Фан зона со 1 навивач

Погледнете ја сценава во Гвадалахара, Мексико. Невреме, силен дожд. Празна фан зона со еден навивач, кој не се помрднува ни сантиметар. Посветеност до даска. И да врне и да вее...

Како на 39 години се враќа на сервис?

Ѓоковиќ го збриша Циципас со 3:0 во сетови, односно 6-3, 6-4 и 6-2 во второто коло на Вимблдон. Седумкратниот шампион на најпрестижниот тениски турнир стигна до победата над Гркот за само 100 минути. Во сите три сета ја диктираше играта и рутински ја приведе средбата кон крај. Не се откажува овој човек и на 39 години им испраќа порака на конкурентите дека ќе се бори за финале. Одиме со најдоброто на српскиот ас.

Абре Ноле го исплаши девојчето

Нема, од секоја ситуација прави мајтап.

Двајца белгиски репрезентативци ќе се степаа на сред терен

Репрезентацијата на Белгија помина право чистилиште, рај и пекол на дуелот со Сенегал во 1/16 финалето. Сенегалците им одржаа час по фудбал во првиот дел, после 51 минута фудбал имаа 2-0, резултат кој ги водеше во осминафинале. Во еден момент дури и ќе се степаа меѓу себе Белгијците Јури Тилеманс и Леандро Тросар. Лукаку ги делеше. На крајот Тилеманс испадна јунак со два гола, Тросар имаше асистенција за еден гол и го режираа пресвртот 3-2 во продолженија за чудесен пласман понатаму. Ги прославуваа заедно головите и нормално се гушкаа и смирија.

Америка лесно со 2-0 ја прати Босна и Херцеговина дома

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го заврши своето учество на Светското првенство 2026 откако во 1/16 финале изгуби 2-0 од домаќинот САД кој половина час играше со играч помалку откако црвен им доби најдобриот фудбалер во екипата.

Болна елиминација на Сенегал, водеа 2-0 до 86-та минута, изгубија од Белгија во продолженија

Сенегал и Белгија го одиграа најлудиот натпревар од досегашното Светско првенство. Со пет гола, многу шанси, продолженија и на крајот болно испаѓање на шампионот на Африканскиот Куп на нации.

Супер Хари Кејн сам со пресврт ја носи Англија во осминафинале

Англија по исто сценарио како Бразил, избегна мундијалско фијаско. Конго го чуваше водството од 7 до 75 минута, а потоа на сцена стапи незапирливиот Кејн кој за 11 минути го реши противникот за конечни 2:1. На 5 јули играат против Мексико.

Дон Карло и на тренинг не сака да губи

Бразил турка добро на Светското првенство па по успешната групна фаза ја мина и првата пречка во нокаут рундите. Ја совладаа Јапонија 2-1 и сега ги чека Норвешка на 5-ти јуни. Во базата им е опуштено а Анчелоти не сака ни топка да му падне додека жонглира.

САД се најголемо изненадување на Светското, сега ги чека Босна и Херцеговина

Репрезентацијата на САД прилично неочекувано е меѓу селекциите кои покажаа најмногу на Светското првенство. Екипата предводена до Маурисио Почетино одважно ја помина групата со убедливи победи над Парагвај (4:1) и над Австралија (2:0).

Неверојатната коинциденција на Патрик Клајверт и син му на големи првенства

29-ти јуни 2000-та: Патрик Клајверт промашува пенал против Италија во полуфинале на Европско првенство. 29-ти јуни 2026-та: Син му Џастин Клајверт промашува пенал на буквално ист начин против Мароко во 1/16 финале на Светско првенство.

Нокаут дуел на Мексико - Еквадор, ама навивачки

Мексико го елиминираше Еквадор на терен. Еквадор го елиминираше Мексико на трибини. Мухамед Али и Мајк Тајсон да ти имале наследник.

Кој е Елиот Андерсон, новиот играч за кој Сити даде 116 милиони фунти

Елиот Андерсон од Нотингем Форест е ново лице во репрезентацијата на Англија и летово најбараниот играч на пазарот. Манчестер Сити победи во трката за неговиот потпис и договори негов трансфер. Целата сума изнесува 116 милиони фунти со што Андерсон станува еден од најскапите играчи на светот, а најскап англиски фудбалер.

Дај друго дете

Жилберто Мора важи за право фудбалско чудо во Мексико. Тој уште од 15 години е во професионалниот сениорски фудбал, а сега на само 17 години и 240 дена стана еден од најмладите играчи кои некогаш настапиле на Светско првенство. Мора игра како организатор на игра, прав плејмејкер во средниот ред. Настапи на сите 4 дуели на Мексико досега. А синоќа пред дуелот со Еквадор го заменил детето што е пред него со друго дете за да не го покрива дека било колку него високо.

Страшните ножички на Олисе кои ќе беа најубав гол на Светското

Франција игра прекрасен фудбал, според покажаното досега најблизу се до самата завршница. Синоќа лесно со 3-0 ја згромија Шведска а можеа да им дадат уште толку голови. Нападот им е страшен: Мбапе, Дембеле, Дуе, Олисе. Видете последниов какви атрактивни ножички имаше во 36' минута:

27 летови, 24 мечеви на Џани: Колку првиот човек на ФИФА го загадува воздухот?

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, присуствуваше на 24 натпревари на ова Светско за нешто повеќе од две недели низ цела Америка. Поминал досега 50.122 км. Проценките се дека ова ќе биде најзагадувачкиот Мундијал, а ФИФА имаше сосема поинакви еколошки ветувања.

„Мајка ми ме родила на 16, а татко ми барал работи од улица за да нè прехрани, е тоа е притисок“

Европскиот шампион Шпанија ја мина лесно групната фаза како прва во група без примен гол. По изненадувачкото реми без голови со Зеленортски острови и голманот Возиња, Шпанците лесно се справија со Саудиска Арабија (4-0) и со Уругвај (1-0). Сега ги чека Австрија, а сите најмногу очекуваат од главната ѕвезда Ламин Јамал.

Џандарите и затворениците се од иста кога игра Парагвај

Снимка од затвор во Парагвај за време на елиминацијата на четирикратниот светски првак Германија. Сите се радуваат заедно. Остај ти доживотна казна. Битно Парагвај да тепа.

Раде: Не може голманот да е постар од селекторот, па дечкото уште е во пубертет

Густаво Алфаро е тренер од 1992-ра, кога Нагелсман имал 5 години. 25 години се разлика, а Парагвај му е трета репрезентација која ја води, како и 13 клубови. И да, Мануел Ноер е една година постар од својот селектор.

Го чувте ли новиот хит „Пада Португал“?

Хрватите се пред сериозен испит во осминафиналето кој се вика Португалија. Мечот се игра во среда према четврток од 1 часот. Слушнете го каква песна склопил царов пред големата битка.

Готово, Мексико го освои Светското

Ако ова не е прослава за светска титула, тогаш што е? Од 94-та до сега само во Катар не стигнаа до топ 16, плус низ историјата имаат и две четвртфиналиња. Чуму до волку еуфорија за пласман во осминафинале?

За шепкање во друштво се добива црвен

Еквадор ги пакува куферите откако беше елиминиран од Мексико со 2:0. Дефанзивецот Пјеро Инкапие во судиско продолжение доби чуден црвен картон. Му шепкаше нешто на противнички играч, судијата ја гледаше ситуацијата на ВАР и потоа го исклучи. Според новото правило на ФИФА, играчите не смејат да ја покриваат устата и да ја кријат комуникацијата кога се обраќаат некому на терен.

Мексико ја доби американската битка, проектил на Кињонес

Мексико го реши Еквадор уште во првото полувреме со головите на Хулијан Кињонес и Раул Хименез. Мексиканците со исклучок на Катар, од 94-та на секој Мундијал стигнуваат со осминафинале.

Тешко се излегува на крај со Франција, Мбапе го стигна Меси

Франција е супериорна фудбалска сила, која ита кон трето мундијалско финале по ред. Шведска е минато и треба да е среќна што загуби само 3:0.

36.000 Норвежани го направија фамозното веслање на стадион

Милиони Норвежани го живеат фудбалскиот сон. Толку долго очекуван успех на едно Светско првенство. На Мундијалот 2026 Халанд и другарите го победија Брегот на Слонова коска 2-1 и се пласираа во осминафиналето каде ќе се судрат со Бразил. Вечерашниот дуел се гледал во сите градови и села во Норвешка а на Националниот стадион каде се следело на големи видео бимови, 36.000 навивачи го направиле фамозното веслање „Ру“!