Offside

Физичката и ментална сила на Ѓоковиќ постои уште, но реалноста на крајот е друга. 12 од последните 14 Гренд слемови се на Алкараз и Синер. Нивната битка се очекува да стане епска и врз нив двајца да се заснова тенисот. Шпанецот води 7:5 во слемови, а Италијанецот 17:15 во вкупен број на трофеи.

Големиот Халанд ја носи Норвешка во осминафинале!

Репрезентацијата на Норвешка го совлада Брегот на Слонова Коска со 2-1 благодарение на прекрасниот гол на Нуса и погодокот на Халанд. Скандинавците на 5-ти јуни ќе се судрат со големиот Бразил.

Како навивачите се радуваат на Светско, ja има и Италија

Никој не се сети да ја спомне Италија во последно време, четирикратниот светски првак, кој промашува три Мундијали по ред. Сепак нешто се појави и за нив додека трае Светското.

Афоризми, гатанки и филозофија: Мудриот филозоф кој ја исфрли Германија

„Нивните фудбалери доаѓаат од најдобрите топ академии во Европа. Нашите деца играат боси на земја, нивните родители се жртвуваат за нив за да ги однесат на тренинг. Денес на терен излегоа 26 војници а се вратија 26 легенди“, ова беа зборовите на селекторот на Парагвај Густаво Алфаро по историската победа на пенали над Германија.

Лина ја испиша историјата на Вимблдон и пружи солиден отпор

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби од големата фаворитка Аманда Анисимова, но не разочара на својот историски деби настап на најпрестижниот тениски турнир во светот.

К-15 во контекст на Лина

„К-15 отсекогаш го поддржуваат македонскиот тенис. Напред Лина“, пишува админот кој ја води страната на ненадминливото трио. Ги познавте тенисерите во скечот така? Лазар Магдинчев и Петар Русевски.

Митот за шесте прсти на мексиканскиот голман Меме Очоа

Гиљермо Очоа заедно со Лионел Меси и Кристијано Роналдо го играат рекордното шесто Светско првенство во нивните кариери. Мексиканскиот голман влезе од клупата за резерви на дуелот со Чешка (3:0), бранеше 12 минути и влезе во вечноста. Ова е необичната приказна за него.

Некогашниот прв човек на ФСС му се заканувал на Видиќ дека ќе оди на гробишта

Истражувачките новинари од КРИК дошле до пораки разменети на апликацијата „скај“ во кои некогашниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија Славиша Кокеза барал од криминалци и бандити физички да го нападнат и да го заплашат неговиот противкандидат за прв човек на ФСС и легендарен капитен на Манчестер Јунајтед Немања Видиќ.

Мексиканците не ги оставиле Еквадорците да спијат

Во 03 часот после полноќ ќе играат домаќинот Мексико и Еквадор во борба за пласман во осминафинале на Светското првенство. Мексиканските навивачи по примерот на некои европски „колеги“ дошле до хотелот на репрезентацијата на Еквадор и со силни трубења и сирени од возилата не ги оставале да спијат. Добро е што огномети не им грмеле.

Кој е Исмаел Салибари - правото откритие на Светско 2026

Мароко со неверојатен фудбал, со далеку поголем посед на топка и повеќе шанси ја елиминираше Холандија која издржа до пеналите. Просто неверојатно звучи фактот дека Холанѓаните постојано беа во подредена позиција. Главен јунак на историскиот триумф на Мароко беше Исмаел Салибари кој го даде решавачкиот пенал.

Грците моќно го претставија нашиот Растодер

По историската сезона во дресот на Тун каде стигна до шампионската титула, прва за клубот во кој учествуваше со 15 гола и 6 асистенции, Елмин Растодер направи голем трансфер. Панатинаикос плати 3,5 милиони евра за македонскиот репрезентативец му даде 4 годишен договор и го претстави многу јако, па дури и страшно.

Ај па на свадба да ви играм

По повеќе од три часа борба, Ѓоковиќ го совлада Кинезот Јибинг Ву со 3:1 во првото коло на Вимблдон и стигна до 103. победа во кариерата на овој турнир. Кај што е Новак, таму е забавата. Во публика имаше запросување. Прво им го одобри бракот, а потоа им побара покана за свадба.

Озбилно сега успеа да се исклучи телевизорот?

Парагвај го шутира последниот пенал против Германија.

Голманот на Мароко со невидена ракометна одбрана во пенал серијата

Почнува да станува интересно на Светското. После неочекуваната елиминација на Турција и Уругвај уште во групна фаза, тешки шамари изедоа Германија и Холандија во нокаут фазата. И двете испаднаа на пенали од Парагвај и Мароко. Незгодните Мароканци ја минаа Холандија со 3:2 (1:1 во регуларните 90 минути).

Шокови на Светско: Германија и Холандија испаднаа од Парагвај и Мароко

Во драматични натпревари од осминафиналето на Светско првенство, репрезентацијата на Парагвај која едвај стигна до оваа рунда, ја елиминираше Германија на пенали и го направи најголемото изненадување на Мундијалот. На пенали испадна и Холандија.

Бразил со пресврт до осминафинале, јунак Мартинели во 95-та минута

Почна мундијалската драма во нокаут фазата. Бразил се изнамачи против Јапонија и ја елиминираше со пресврт 2:1. Сано даде гол за водство на Јапонија во 29 минута. Неизвесноста ја врати Каземиро во 56-та минута, а човек на одлука беше Габриеле Мартинели во длабокото судиско продолжение. Следен противник им е Норвешка или Брегот на Слоновата Коска.

91-годишен аргентински новинар го покрива 18-то Светско првенство

Легендарниот аргентински коментатор Енрике Макаја Маркез е светски рекордер по бројот на коментирани натпревари од Светски првенства. Макаја сега го пренесува 18-от Мундијал во својата богата кариера. Тој ја памети славната шампионска титула со Марадона и онаа последната во 2022-ра со Лионел Меси. Од Аргентина добил плакета и признание за неверојатниот подвиг а многу големи ѕвезди се фотографираат со легендарниот Макаја.

Форите на Меси од слободен

Најдобриот фудбалер на сите времиња според многумина, во моментов е најдобар стрелец на Светското првенство. Има 6 гола и успешно го води светскиот шампион Аргентина. Имаше и еден прекрасен гол од слободен удар ама едно видео покажува како Лео знае да си најде агол и да украде по некој метар.

Легендарната реклама со Карлос и Јапонија

Вечерва од 19 часот се игра првото големо дерби на Светското првенство 2026. Бразил и Јапонија ќе се борат за пласман во следната рунда. А тоа е прилика да се потсетиме на една култна реклама со легендарниот Роберто Карлос.

Германски навивачи со навредлива порака до Инфантино

Германците вечерва од 22:30 во Бостон играат против Парагвај во нокаут фаза, во 1/16 финале. Неколку илјади германски навивачи допатувале во градот на Селтикс и таму запеале: „Инфантино е к**вин син!“.

Како се гледа Светско кога ќе удри со 7,5 според Рихтер?

Бројот на жртви во Венецуела од серијата земјотреси стигна до 1.400, а околу 50.000 луѓе се водат како исчезначи. Погледнете како се гледа таму Мундијал.

Реакцијата на Лионел за мајсторијата на Лионел

Сака да каже: Тоа е најнормален и очекуван слободен удар на Меси. Знаев дека ќе ја даде.

Кога ќе ти стигне нотификација дека водиш против Германија

Се обиде, ама не издржа навивачов на Еквадор на голот за 2:1. Тоа е.

Анри ја објаснува зоната 14 каде Меси кампира

„Ако знаеш како да се снајдеш во оваа зона и ако ја разбираш играта, можеш да постигнуваш многу голови“, објаснува легендарниот француски напаѓач кој е ангажиран како стручен аналитичар на Светското.