Offside

Чешкиот шампион Славија Прага постави нов антирекорд во Лига на шампиони откако и на 24-ти натпревар по ред не забележа победа. Чесите синоќа изгубија дома 0:1 од Виљареал и ја продолжикја серијата без триумф која долго им трае. А Слован има тринаесет порази по ред.

Столе влезе во клинч со Мбапе

Дерби дуелите меѓу Валенсија и Реал Мадрид уште од времето носат голем набој, тензија и ривалитет. Така и синоќа кога Реал Мадрид лесно и глатко го совлада домаќинот со 0-3 но некои провокации меѓу играчите на двата тима направија метеж. Столе Димитриевски влегол во расправија и туркање со Џуд Белингем, Арда Ѓулер и Килијан Мбапе.

Симиќ доминира во Америка, 24 поени против Портланд

Македонскиот репрезентативец Теодор Симиќ одигра спектакуларен втор натпревар во американската колеџ-кошарка NCAA, предводејќи го својот тим Тексас-Арлингтон Маверикс до драматична победа против Портланд со 89-85.

Нова магија во Ел Еј: Дончиќ испука 53 поени со лудорија од кош од своја половина

Словенскиот ас приреди уште едно незаборавно шоу на паркетот во „Крипто.ком Арената“, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до спектакуларен пресврт и победа над Портланд Трејл Блејзерс со 124:118.

Поздрав до Македонија од Атина

На фотографијата се Гоце од Македонија и Новак од Србија, сликани во Грција. Што ги поврзува? И двајцата се големи навивачи на Црвена Ѕвезда, која синоќа на гости го победи европскиот првак Олимпијакос со 62:57. Благодарение на наш Гоце, човекот со 24 Гренд слем титули упати поздрав до Македонија.

Уште ова го немавме видено

Сантос - Баија, бразилско првенство, ептен чуден потег.

Нов агресивен испад на Спалети

Лучано Спалети целосно ги загуби нервите и физички и вербално го нападна Хуан Кабал за време на натпреварот од Лига Европа против АЗ Алкмар. Иако Јувентус победи со 2:1, Спалети збесна во финишот на средбата поради падот на концентрацијата во одбраната. Според италијанските медиуми италијанскиот стратег на својот фудбалер му се обратил со зборовите: „Ќе те удрам ако не внимаваш!“

Поинаква приказна е тоа

Приказна од едно гостување на ултраси кои не сакаат камери, телефони, дресови, лајкови и фејвови...

Комедија од шут за тројка, Батлер и Кари пукнаа од смеење

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го победија Мајами Хит со резултат 120-100. Стеф Кари беше прв стрелец на мечот со 29 поени. Резервистот Чарлс Баси го заврши натпреварот со 8 поени и 7 скока. Можеа да бидат и двоцифрен број на поени, ама се посрамоти, па сеир му фатија и неговите соиграчи.

Потребна е тишина...

На денешен ден во 1996-та година во рамки на Евро Купот, во некогашната „лименка“, култната сала „Јане Сандански“ во Аеродром, МЗТ Скопје направи сензација која одекна во европската кошарка. Аеродромци го совладаа големиот и најтрофеен европски гигант Реал Мадрид, тогаш предводен од Жељко Обрадовиќ и со Дејан Бодирога во составот.

Историска брука на Хајдук на Гибралтар, Динамо го победи Сандерленд на гости

Со Јерко Леко како привремен тренер на клупата, Динамо З. направи големо изненадување и го совлада премиерлигашот Сандерленд на гости 0-2. Динамо одигра одличен натпревар а со головите на Лука Стојковиќ во 23' и Дион Белјо во 39-та минута славеше 0-2. Хајдук доживеа нов европски срам откако изгуби 1-0 од малку познатиот клуб Линколн Ред Импс од Гибралтар.

Алиоски со прекрасен гол го водеше Лугано до 1-во место во Конференциска лига

Швајцарски Лугано игра чудесна сезона, најдобра во клупската историја. Во домашното првенство се први со 11 победи и 1 нерешена, без пораз, а први се и во силната Конференциска лига каде имаат 3 победи на 3 меча од кои една против Хетафе на гости 1-4, една против Црвена звезда 3-2 и синоќа против Жалгирис убедливо 3-0. Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски постигна прекрасен гол во 24-та минута а само осум минути подоцна и Даниел Дос Сантос даде добар погодок.

Навивачи на француски клуб пуштија циркуска музика на сред натпревар

Навивачите на некогашниот француски прволигаш а сега 15-то пласирана екипа во 3-та француска лига Валенсиен, синоќа на дуелот против Орлеан во 35' минута од мечот преку нивниот разглас пуштиле циркуска музика за да покажат што мислат за игрите на екипата.

Капитенска фото на денот со Рики и Кики

Кристијано Роналдо и официјално и стави крај на репрезентативната кариера на 41 година. Се обрати преку долго соопштение после перипетиите со селекторот. Стефан Ристовски на Инстаграм потсети на нивното соочување во баражот за СП во Катар. Се работи за финалето меѓу Македонија и Португалија, кое нашиот национален тим го загуби со 2:0, на стадионот Драгао во Порто на 29 март, 2022-ва. Инаку и двајцата се поранешни играчи на Спортинг.

Приказната на Комо е за филм

Ако некој ви кажеше дека ќе гледате ваков Комо во Лигата на шампионите пред некое време, дали ќе му поверувавте?

Стручњакот на годината е од Гостивар

„Секоја чест на мајсторот од Гостивар, нека се трошат во добро здравје“, гласи пораката на обложувалницата во која стручњак направил дар-мар и земал преку 600.000 денари.

Милан може да накриви капа - потпишаа договор од 500 милиони евра со Адидас!

Сјајни вести ги следат навивачите на седумкратниот европски шампион Милан во последно време. По големата и убедлива победа 3-1 над Интер, Росонерите во меѓувреме го потпишаа и најбогатиот спонзорски договор во историјата на фудбалот. Со германскиот гигант Адидас.

Кристијано Роналдо стави крај на репрезентативната кариера

Веста на денот е: Кристијано Роналдо веќе нема да игра за репрезентацијата на Португалија. Најдобриот стрелец на сите времиња во историјата, објави на своите профили на друштвените мрежи каде се збогуваше од навивачите.

Гледач погоди судијка со топка, Дончиќ го „избрка од сала“

Лука Дончиќ игра во сензационална форма па синоќа со 40 поени ги растури Сакраменто Кингс во триумфот 116-103 на ЛА Лејкерс. Дончиќ имаше уште и 9 скока и 7 асистенции. Во еден момент еден гледач од прв ред зад кошот, посилно од што треба ја фрли топката кон судијката и ја погоди. Редарите го избркаа без размислување од сала.

Убав гест на тимот на Кочов, така се почитува навивач

Германскиот кошаркарски клуб Кемниц Најнерс, каде што како помошник-тренер работи македонскиот стратег Ѓорѓи Кочов, привлече големо внимание во јавноста со својот господски потег за време на гостувањето во Подгорица против Будуќност во рамките на Еврокупот. Гостите имаа поддршка од само еден навивач кој неуморно сам го бодреше својот клуб на трибините во текот на целиот натпревар. На крајот го загубија мечот, но сите до еден од играчи до стручен штаб му се заблагодарија за поддршката.

Најјака прослава на непостоечки гол

Некаде во Либија. Што ли мислел царот?

Лука Трпевски - новиот македонски бисер во Црвена звезда

По Матеј Гаштаров кој веќе се профилираше во еден од главните играчи на првиот тим на Црвена звезда а има само 19 години, уште еден македонски бисер е на одличен глас.

Сите неверојатни 9 гола на Комо

Она што го направи Комо е право чудо на чудата. Екипа составена претежно од млади таленти, за првпат игра во Лига на шампиони. Прво со 4-1 го декласира Манчестер Јунајтед, а после оди во Франција и на Ленс на гости му дава 9 гола. ДЕВЕТ! Меѓу стрелците еден дебитант од 18 години кој првпат заигра во Лига на шампиони и еден 19-годишник.

Јокиќ го збриша Торонто за 201. трипл-дабл и сруши нов историски рекорд во НБА

Трикратниот МВП, Никола Јокиќ, продолжува да ја испишува историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.