Offside

Добрите другари и веќе подолго време ортаци на теренот, Лионел Меси и Луис Суарез постигнаа по 2 гола во триумфот на Интер Мајами 4-0 против Ди-Си Јунајтед. Лео штотуку беше емотивно испратен во репрезентативно пензија во својата Аргентина, а сега му се врати на клупскиот фудбал каде продолжи да дава голови.

Навивач на Валенсија за ова место плаќа сезонска карта

На прва снимава изгледа како да е на Градски, ама оригинал, а тоа да ти биде Местаља. Навивач побарал од клубот промена на местото за секое плаќа сезонска, бидејќи сегашното му е неприфатливо. И тој над него е чудно збутан, но неговата позиција е за никаде. Скали има под него. Предности? Одење прв во тоалет и избегнување на метежи.

Што сè работел Мурињо во Барселона?

Нетфликс минатиот месец го извади документарецот за Мурињо во 3 епизоди. Далеку од тоа дека Жозе во Барселона му бил само преведувач на Боби Робсон. Истовремено бил и тренер на голманите, аналитичар и скаут. Патувал постојано на гостувања да го анализира следниот противник на Барса и се враќал назад со забелешки во тефтер. Студирал кинезиологија, па им помагал на фудбалерите и на фитнес. Бил кртица за работа.

За кого навивал Колина?

Легендарниот италијански судија, Пјерлуиџи Колина, кој работи како шеф на судискиот комитет на ФИФА, зборува отворено на тема, која многумина би сакале да ја чујат. Не поминале баш добро со него тие две екипи.

Ретко се гледа ова: два идентични гола на ист натпревар

Феенорд има одличен старт на сезоната и после 7 кола има 5 победи и 2 нерешени средби во холандската Ередивизија. Во неделата со 5-0 го совладаа Утрехт. Два гола дал 24-годишниот Алжирец Анис Хадџ Муса а двата му биле скоро исти.

Како Онана се рекуперира после натпревар?

Да, чудно изгледа, по малку и гадно. Се мислевме дали воопшто да го објавуваме. Се работи за вендузи кои ја намалуваат мускулната затегнатост или едноставно ја опуштаат мускулатурата на фудбалерите. Голманите многу скокаат, се фрлаат и прават многу нагли движеа кои го оптоваруваат гробот.

Деби на Зидан, последен танц на Меси, ЧавиVSКлоп, Роналдо на Халанд

ФИФА го залепи меѓународните паузи во една и сега клупски фудбал нема да има цели три недели! Што ќе следува во репрезентативен фудбал и што ќе се гледа?

Лекот за Реал Мадрид се вика Диего Симеоне

Откако аргентинскиот стратег го презеде тимот, Атлетико Мадрид има освоено најмногу бодови против Реал Мадрид. Во моментов дури и минимално повеќе од Барселона.

Тешкиот фаул врз Валверде од судиска камера

Последиците од големото мадридско дерби кое го доби Атлетико Мадрид против Реал 2-1 уште траат. Дискусии, полемики, критики на судењето. Многу страни го нападнаа Реал и Мурињо дека се жалеле а ништо не играле на терен. Во вторникот здружението на шпански судии се огласи дека многу судии биле согласни дека Кореецот Канг-Ин Ли морал да добие директен црвен картон за грубиот старт врз Валверде. Не доби ни жолт.

„Свесни ли сте дека Мбапе купува гласови за да ја освои таа проклета Златна топка?“

Поранешен француски репрезентативец, кој играше финале во ЛШ со Монако во 2004-та, излезе со тешки обвинувања на адреса на еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

Дојди внучко на баба

По триумфот на Барса 1-3 над Севиља на гости, имало еден емотивен момент со младиот Фермин Лопез кој отишол до една од трибините да ја најде баба му Лоли. 23-годишниот Фермин е роден во градот Ел Кампиљо во Андалузија па од трибините го следеле најблиските роднини. По натпреварот им рекол на редарите да ја пуштат баба му да ја види.

Фотографија како показател за состојбата на италијанскиот фудбал

Меѓу едната и другата фотографија има 30 години. Првата е со многу легенди, а втората од мечот Сасуоло - Јувентус, одигран од пред десетина дена. Внимавајте на податоков: Јувентус во поле настапи без ниту еден италијански играч и тоа за прв пат во својата 128-годишна историја. Италијанец е единствено голманот Викарио. Да се вратиме на насловот.

Летото на Нено низ фотографии

Ненад Димитријевиќ на 1 јули потпиша за Арис од Солун. Тоа е негов седми клуб во кариерата, во петта земја. Пред три недели го облече дресот на Македонија по пауза од две години и влезе во аналите на македонската кошарка, откако на дуелот против Австралија стана прв наш репрезентативец со трипл-дабл. Најде време и за одмор, релаксација и дружење со семејството и пријателите. Убавите моменти ги сподели на Инстаграм. Колата сам си ја перел кај Алумина во Козле.

Со што го мачкаат Столе пред секој натпревар на Валенсија?

Во необичен формат на емисии и подкасти, шпанските спортски медиуми често вадат и разни пикантерии од самиот терен. Како на пример оваа кога голманот на Валенсија Столе Димитриевски вдишува и се мачка со некоја маст, веројатно на база на ментол каква што користат обично спортистите за подобро да дишат при поголеми напори на теренот.

Оксфорд Јунајтед ќе мора да повлече опрема која асоцира на 11-ти септември

Серискиот број на еден од киднапираните авиони со кои се изведе терористички напад во САД на 11-ти септември 2001-ва година е причина зошто пропаднала целата нова колекција опрема на англискиот фудбалски клуб Оксфорд Јунајтед.

Гаштаров: Од дете сонував за овој дрес

Македонската фудбалска репрезентација се собра за новата сезона во Лига на нации, која ја стартува во сабота против Швајцарија на Градски со почеток од 20:45. Прв повик доби големата надеж Матеј Гаштаров, кој сезонава е стандарден првотимец на Црвена Звезда. 19 годишниот Гаштаров е ведар, расположен, насмеам и оптимистички расположен во прогнозите.

Кинеското чудо од дете продолжува да го воодушевува светот

Ју Циди, 13-годишното девојче од Кина е право светско спортско чудо. Таа веќе го импресионираше светот на спортот а сега прави нови подвизи.

Анри и Федерер со фудбалска топка

„Овој дечко... Му кажуваш нешто, тој го става во компјутерот и веднаш го прави истото“.

Мо Салах и карпата

Во Турција славен фудбалер и на карпа да седне, ќе ја направи карпата славна. Ама буквално.

Зидан е селектор или репрезентативец?

По 14 години, заврши ерата на Дидие Дешамп во Франција, почна нова со Зинедин Зидан кој се фаќа за работа после пауза од 5 години. Првиот тренинг како селектор ја почна со 12 играчи. Шланг е на 54 години и вака кога го гледа човек, мислиш печен е пак да заигра. На тацна им ги даваше.

Кого чуваше Конате?

Дерби е дерби. Кикснеш ли, ќе ти го паметат и ќе те заокружуваат со црвено на социјалните мрежи. Ибрахима Конате е фатен како маркира на празно при постигнувањето на вториот гол на Атлетико.

Среќен роденден Исак со асистенцијата која вреди повеќе од гол

Има многу атрактивни голови и потези на кои човек може да се потсети по повод денешниот роденден на Александер Исак. Но, ако треба да се издвои едно нешто, тоа сигурно е ова против Евертон додека го носеше дресот на Њукасл. Честитките отидоа кај него, а не кај стрелецот на голот. Страшна соло лудорија.

Во време на Ферги, Манчестер не правеше вакви циркузи пред гол

Манчестер Јунајтед пак има климав старт со само една победа во првите 5 кола. Ремизираа со Фулам 1:1. Лисандро Мартинез реагираше пацерски.