Offside

Добрите другари и веќе подолго време ортаци на теренот, Лионел Меси и Луис Суарез постигнаа по 2 гола во триумфот на Интер Мајами 4-0 против Ди-Си Јунајтед. Лео штотуку беше емотивно испратен во репрезентативно пензија во својата Аргентина, а сега му се врати на клупскиот фудбал каде продолжи да дава голови.

Гало Белоти е жив, даде еврогол со ножички

Некој би помислил дека има 40+ години со оглед на тоа колку играше во Серија А, а Андреа „Гало“ Белоти има само 32 години. Сега игра во Модена, во втора италијанска Серија Б. Во неделата попладне само што влезе во игра после 5 минути постигна прекрасен еврогол, прв после 17-ти септември 2025-та година. Неговата Модена победи 2-1 против Емполи и во моментов е 4-та на табела со 10 бода, 3 помалку од лидерот Палермо.

Гранит Џака не доаѓа во Скопје, тргнат е од репрезентација

Швајцарската фудбалска репрезентација ќе биде ослабена на гостувањето против Македонија. Џака е во проблеми. Не добил повик.

Зајак прекина натпревар во САД

Во прекуокеанските земји честа и вообичаена појава е некое животинче да прекине фудбалски или друг спортски натпревар. Дали кенгур, дали коала, дали зајак. Ако кај нас кокошка, петел или крава знае да влета на терен, таму зајак. Како на пример на мечот меѓу Далас и Остин кога во 76-та минута судијата досудил краток прекин зошто на стадионот „Тојота“ втрчал зајак. На крај од терен го отстранил шпицот на Далас Логан Фарингтон.

Два гола на син му на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија

Кристијано Роналдо-јуниор игра за У-17 тимот на Ал Наср, а на вчерашниот дуел против Ал Ахли У-17 постигнал два убави гола, во стилот на татко му, од контра, во трк.

Човек боксуваше со робот и доби ќотек

Познат блогер од САД Френки ЛаПена прифатил предлог да се боксува против робот во боксерски меч во Сан Франциско. ЛаПена дал некој ситен удар пред да биде патосиран од роботот.

Ваљак го прегазил некогашниот англиски репрезентативец

Андрес Таусенд кој веќе некое време игра на Тајланд, а на времето беше сјаен фудбалер во Тотенхем и Кристал Палас, за среќа минал добро по страшен инцидент. Пред натпреварот на неговиот ПТ Прашуап против Патани, вработен за одржување на теренот на Патани го прегазил некогашниот англиски репрезентативец (12 настапи) со ваљак.

Престон Лајонс има ново засилување кое ни е глупо да го напишеме во наслов

Се работи за интернационалец од Јужен Судан, по име Кур Кур, а проблем е што го ангажира славниот клуб Престон Лајонс, основан од македонски иселеници. Дечки, внимателно од трибини, деца одат на стадион.

На тацна!

Во дербито на колото во Аргентина познато како Класико (Ривер - Бока е Суперкласико), Бока Јуниорс на гости го совлада Сан Лоренцо 0-2 со головите на Леандро Лозано и Мигел Мерентиел. Вториот погодок во 72-ра минута беше по сјајна асистенција од левиот бек на Бока Лаутаро Бланко.

Кандидирајте го за Пушкаш, во топ 10 сигурно влегува

Мигуел Борха од мексиканскиот клуб Америка направи потег со кој го фрли во транс цел стадион. Ова треба да е еден од најјаките, ако не и најјак гол на колото во цел свет.

Атлетико го доби Реал, Мурињо покажуваше слики, Чоло одговори

Фудбалерите на Атлетико Мадрид пред преполни трибини на „Ванда Метрополитано“ славеа победа 2-1 во големото градско дерби против Реал Мадрид. Со овој триумф „јорганџиите“ се искачија на второ место на табелата со 16 бода а Реал е трет со бод помалку.

Антиќ: На времето мораше да победиш за да можеш да излезеш во град

Перо Антиќ со пикантерии во подкастот „Јао Миле“. Открива колку пари им простил во Црвена Ѕвезда и како со последните пари ги частел во клуб за раѓањето на син му Лука.

Меси ги збуни сите од слободен удар

Интер Мајами не успеа да го совлада Сан Диего и покрај тоа што Меси и Суарез се изборија за пресврт. Натпреварот заврши 2:2. Лео Меси фати да нафрла од слободен удар, ама тој и кога нафрла, тоа е опасно по гол.

Ниту на мал фудбал нема вакви мангупски завршници

Абдихаким Али и Аксел Куаме од АИК ја имаат шах мат акцијата на колото. Кој очекуваше дека вака ќе ја заврши? На голманот уште не му е јасно што го снајде.

100 гола на Хари Кејн во Бундеслига

Капитенот на англиската репрезентација Хари Кејн стана првиот фудбалер во историјата на германскиот фудбал на кого за да стигне до 100 постигнати гола во Бундеслига му требале 98 натпревари. Гол-машината Кејн во убедливиот триумф од 7-0 над Унион Берлин даде два погодоци.

Барселона е потресно јака, сега убедливо ја згроми и Севиља на гости

Барселона продолжува да бележи историски моменти откако синоќа после пресврт ја совлада Севиља 1-3 со голеадата на Бразилецот Рафиња. Барса има 7/7 во Ла Лига со дури 31 постигнат гол! Како играат тешко некој периодов да ги сопре во Европа.

Спектакл на „Олимпико“ во Рим, Лаутаро со 2 гола го спаси Интер со Рома

Во дербито на колото во италијанската Серија А, Рома во 5. коло ремизираше со Интер 2:2 па на табелата сега имаат по 13 бода на врвот колку што има и Лацио. Романистите поведоа преку Ману Коне кој го фрли „Олимпико“ во еуфорија во 6' и 37' минута. Рома имаше убедливи 2-0 на полувреме. Но во вториот дел Лаутаро Мартинез израмни на 2-2 со голови во 46' и 79' минута.

Трабзон го прекрши Галатасарај 4-0, Салах правеше шоу

Само три дена откако Трабзонспор го назначи Германецот Томас Рајс за тренер, екипата го развали актуелниот шампион Галатасарај со 4-0 на домашен терен и му го нанесе првиот пораз во сезоната.

Детска искрена емоција за дрес од идолот

Пауло Дибала со еден потег му приреди радост на еден млад навивач на Рома, што никогаш нема да ја заборави. Се упати кон трибините, го соблече дресот и се погрижи тој да заврши директно кај него. Мал гест од Дибала, спомен за цел живот на навивачот.

Се запали баварската машинерија, 7:0 згазија, нови евроголови на Олисе

Тоа е Баерн Минхен. Во првите 3 кола постигнаа вкупно 7 гола, а синоќа на еден натпревар дадоа 7. Жртвата се вика Унион Берлин. Три комада на Олисе од кои нови два за издвојување после оние против Бодо Глимт, два на Кејн и по еден на Мусиала и Саибари.

Челси лошо помина кај Брентфорд

Тимот на Чаби Алонсо три кола е без победа. По поразот од Арсенал и ремито со Хал, петочки загуби убедливо од Брентфорд со 3:0. Фудбалерите на Брентфорд имаат интересен старт и моментално се трети на табела без пораз со 9 бода. Џејдон Ентони, Игор Тијаго и Фабио Карваљо ја донесоа големата победа.

Вардар со поезија на Ацо Шопов им кажа благодарам на навивачите

„Нашата најголема сила. Ви благодариме за прекрасната атмосфера. Заедно во пораз и победа. Благодарност до „Aco Šopov Poesis“ за отстапениот материјал и за поддршката. Од Вруток до уток”, стои во објавата на црвено црните.

Немаат пораз, а играат пред празни трибини: Позадината на бунтот против Клаудио Лотито

Џенаро Гатузо низ годините има дадено неколку луди интервјуа. Незаборавен е неговиот испад: „sometimes maybe good, sometimes maybe shit” додека беше во ОФИ Крит, како и изразот на лицето на напатениот преведувач.

Педри го навикнува Гордон на мангуплукот на Барса

Европскиот и светски шампион со Шпанија Педри му ја протнал топката низ нозе на Антони Гордон и предизвикал реакција од соиграчите на тренинг. За фудбалерите протнување низ нозе е причина за мајтап.

Весли Снајдер продава на аукција: Сребрена топка, трофеи и бронзен медал од Светско првенство

Некогашната ѕвезда на холандскиот фудбал кој блескаше во Интер, Реал Мадрид и репрезентацијата на Холандија, решил да стави на аукција голем број од вредните предмети од неговата кариера.