Offside

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Новинар го потценувал Маркус Турам, овој му вратил со шмекерски потег

Дваесет и шест годишниот Французин Маркус Турам, син на легендарниот бек на Парма и Јувентус Лилијан Турам, сезонава беше меѓу најзаслужните за шампионската титула на Интер и одличните настапи во Лига на шампиони. Маркус постигна 15 гола, имаше и 14 асистенции и со Лаутаро Мартинез го сочинуваа можеби најдобриот тандем во Европа.

Како изгледа шутот на новото украинско засилување на Вардар?

26 годишниот Дмитро Горига е новото име на РК Вардар за следната сезона, кој ќе игра на позицијата лев бек. Пристигнува од Катар, а има играно и во Франција, Полска и Украина. Погледнете ја оваа бомба со моќен удар против Хрватска на Европското 2022.

33 години од најважниот гол на Дарко Панчев и Ѕвезда

Црвена звезда и натаму останува единствен клуб од регионов кој стигнал до драгоцениот пехар во Куп на европски шампиони (денешна Лига на шампиони). Пред точно 33 години, на стадионот „Свети Никола“ во Бари, Црвена звезда на пенали го совлада француски Олимпик Марсеј а решавачкиот гол го даде Дарко Панчев.

Најсрамната местенка на сезоната ни доаѓа од Црна Гора

За успешно и тешко забележливо штелување на резултат, обично велат дека е доволно да знаат двајца дефанзивци или пак еден и плус голманот. Ама нема, ова е Балкан.

Ама ќе ги испокарате луѓето со тоа вештачката интелигенција

Бељата не е само во тоа што може да си игра човек со гласовите, туку и цели видеа можеа да се склопуваат. Погледнете што му текнало на некој после елиминацијата на Рафаел Надал на Роланд Гарос во прво коло од Ѕверев.

Чекај да видиш ти како од срце се радува тренер кога ќе обезбеди опстанок

Топ тема во Саудиска Арабија се Роналдо со Ал Наср и Ал Хилал со Митровиќ и Милинковиќ. А никој не зборува за Нуредин Зекри од Ал-Охдуд кој го спаси клубот од испаѓање во последно коло. Погледнете му го спринтот. Срцка.

Парола на денот

Аален како германски четвртолигаши освоиле државен Куп кој им носи квалификации во Купот на Германија, ама на навивачите не им чуе многу за овој успех, бидејќи се револтирани што испаднале во петта лига. На три меча по ред не навивале, а бојкотот го прекинале во финалето на кое им се појавиле со банер на кој пишува: „Ви благодариме губитници“.

Најатрактивните 6 потези од мечот меѓу Далас и Минесота

Не е ова стандардната топ листа која ја прави НБА, туку ја составивме по наше без да внимаваме на редоследот. Имаме два цепелини, две јаки завршници на Ирвинг и Едвардс, како и луда тројка на Дончиќ на 13 секунди до крај. Уживајте.

Јирген Клоп не издржа

Веќе неколку недели трае простувањето на навивачите на Ливерпул со својот најсакан тренер во нивната историја. Германецот за девет години им донесе бројни титули, им донесе шампионски пехар во Премиер лига кој го чекаа 30 години, им донесе Лига на шампиони и што уште не. На една проштална вечер во салата M&S Bank во Ливерпул каде имало и свирка на разни бендови, навивачи дошле и му пееле. Не ги додржел солзите.

Избран е најубавиот гол на сезоната во Шпанија

Шпанска Ла Лига и официјално го избра за најубав погодок на сезоната оној на 24-годишниот десен бек на Осасуна Хесус Арезо кој на мечот против Хетафе постигна луд победнички гол за 3-2.

Зачетоците на британскиот хулиганизам

Пред точно 50 години, прв голем метеж во странство англиските хулигани направиле на финалето на Куп на УЕФА на мечот Феенорд - Тотенхем во Ротердам. Околу двеста лица биле повредени а 50 уапсени. Од тој момент започнува англиската хулиганска бахатост ширум континентот.

Нов трипл дабл на Дончиќ, овој пат недоволен за 4:0

Минесота и Далас ќе играат петти натпревар во финалето на Западот. Тимбервулвс направи брејк на гостувањето во Тексас и намали на 3:1. 

Ќе биде тоа Премиер лига на ќелавковци

Со назначувањето на Енцо Мареска за нов тренер на Челси, најпознатите англиски клубови ќе имаат комплет ќелави тренери.

Чави: Не можев да работам во мир, низ лупа ме гледаа

По две и пол години работа како тренер, легендата на Барселона која во тешки финансиски услови и донесе два трофеи на Барса и внесе млада свежа крв во тимот, суетната управа непотребно го отпушти.

Ми го сними потегот а?

На последниот меч од сезоната против Монца, Душан Влаховиќ веројатно и сам себе се изненади со мајсторијата на клупа.

Само во женски тенис има такви падови

Добро, не дека нема и кај мажите, ама ова е редовна појава кај тенисерките. Пазете ова: на турнирот во Рабат, во Мароко, во четвртиналето кај жените, Италијанката Лучиа Бронѕети при резулат 1-1 во сетови против Американката Пејтон Стирнс, во третиот сет имала водство 0-5 и 30-40 на свој гем. И изгубила 7-5.

Меси збори си на свој јазик

Го викнале Лионел Меси да сними кратка, но се испостави незаборавна реклама за новиот филм „Бед Бојс“. Рекламата е со глумците Вил Смит и Мартин Лоренс, а Меси изговара пар зборови ама на лош англиски јазик. Меси откако дојде во Мајами минатото лето, веќе сними неколку милионски вредни реклами.

Нов бомбастичен договор му се наѕира на Јокиќ

Никола Јокиќ има договор со Денвер од 264 милиони долари и тоа не е ништо во однос на најновата најава од НБА лигата.

Непалецот што 30 пати го качил Монт Еверест за светски рекорд

Непалскиот алпинист Ками Рита постави светски рекорд во број на искачувања на највисокиот врв на светот Монт Еверест кој го искачил абнормални 30 пати! Рита го држи рекордот од 2018-та и никој не му е ни близу.

Како се збогуваше Милан со Пиоли?

Во последното коло од Серија А Милан одигра 3-3 со Салернитана во меч кој немаше голема резултатска важност затоа што росонерите одамна го обезбедија второто место на табела зад шампионот Интер и осигураа директен пласман во Лига на шампиони. Навивачите и играчите се збогуваа со оние кои си одат од Милан меѓу кои и тренерот Стефано Пиоли.

А сте виделе ли вие старт со две нозе и две раце?

Запознајте го крамањонецот на денот, месецот и годината кој се крие во Бразил. Не се буни за црвениот, а после ваков малоумен старт, не треба да се буни и ако го стават на ладење едно 20 меча. Kромидарник со тапија.

Знаете ли со што се занимава сега Едгар Давидс?

Некогашниот главен пит-бул на светскиот фудбал, човек што бескомпромисно влегуваше во дуел секаде и со секого и беше врвен фудбалер во Ајакс, Јувентус и Барселона, веќе подолго време се занимава со фотографија. На прашање што му е најомилено да слика вели: пејзажи и портрети.

Браќата Канаваро го тешеа скршениот Ди Франческо

Во последното коло од сезоната во Серија А беше драма во борбата за опстанок. Со резултатите Фрозиноне - Удинезе 0:1 и Емполи - Рома 1:1, првите две екипи се спасуваа, а Емполи испаѓаше. Но во 93 минута се случи пресврт и Емполи ја победи Рома со 2:1, а солзите и разочараноста се префрли кај тренерот на Фрозиноне Еузебио Ди Франческо кој не можеше да се помири. Убав гест на стратегот на Удинезе Фабио Канаваро и неговиот асистент Паоло кои покажаа солидарност.

А и во Норвешка многу нетокму пресврт

Во 10. коло од норвешката втора лига Обос-Лигаен, Стабек го пречекал дома Егерсунд. Стабек од клупата го предводи американскиот тренер Боб Бредли кој со добар успех беше селектор на САД, го водеше и Египет а беше тренер и на Свонси и Ле Авр. Но ова што го доживеал викендов со Стабек не се памети во светскиот фудбал.