- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.
- Еден од најдобрите фудбалери на ПСЖ и најзаслужен за две европски шампионски титули, Грузиецот Хвича Кварацкхелија синоќа пружи извонредна партија во победата 4:2 против Барселона, но за жал се повреди во 59' минута при еден дуел со Чави Еспарт и не можеше да го продолжи натпреварот.
- Денешните и синоќешните снимки покажале дека Кварацкхелија ги скинал предните вкрстени лигаменти, што е една од најтешките повреди кај спортистите. Го очекува пауза најверојатно до крајот на сезоната, односно околу 8-9 месеци.
- Вечерва започнува новата сезона во НБА лигата а како и секоја година, така и сега, нема изразити фаворити за титулата. Единствено нешто што со сигурност се знае, тоа е одговорот на прашањето кои кошаркари се во ТОП10 по заработка во НБА лигата?
- Прв и натаму е Стеф Кари. Повеќекратниот НБА шампион со Голден Стејт Вориорс, најдобар поентер и тројкаш на сите времиња и лидер на „воините“ на свои 38 години ќе заработи само за сезонава 62,587,158 долари!
- Втор веднаш зад него е Србинот Никола Јокиќ на кого Денвер ќе му плати сезонава 59,033,114 долари! Јокиќ е трикратен МВП на НБА лигата и има еден шампионски прстен што го прави еден од најголемите на сите времиња кои играл во НБА.
- Трет најплатен кошаркар е Џејсон Тејтам со 58,456,566. Четвртопласиран е Антони Дејвис со 58.456.566 милиони долари, а на 5-то место е новиот кошаркар на Мајами Хит кој замина од саканиот Милвоки Бакс со кого стан ашампион. Гркот само сезонава ќе заработа 58,456,566 долари исто колку и Дејвис.