Лечиќ почина синоќа на 85 годишна возраст и тој е дефинитивно една од најголеми легенди во историјата на македонската кошарка.
Нема човек кој прати спорт, а да не знае кој е Лазо Лачиќ, човекот кој всушност ја измисли кошарката во Македонија и ги постави темелите.
Беше тренер на првата петорка од формирањето на Работнички во 60-те години составена од Ѓорѓевски, Књазев, Савовиќ, Ѓоргиев и Ј. Луковски. Подоцна во неа влегол и Буштур кој до тогаш играл баскет на бандери. Лазо во 10 часот навечер ги проверувал дали се легнати.
Тренерската кариера ја почна во Работнички чиј тренер беше неколкупати, најпрво од 1962 до 1972 година, па потоа од 1975 до 1978. Работеше и во МЗТ Скопје, Никол Ферт, Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина и Арис.
Лазо имал огромна улога во излезот на македонските кошаркарски клубови во Европа во 70-тите и 80-тите години.
Беше дел и од стручниот штаб на југословенската репрезентација, која во 1970 во Љубљана ја освои светската шампионска титула и имал и голем удел во медалите на репрезентациите во Југославија.
Има освоено многу престижни награди како „11-ти Октомври“, „13 ноември“, „8 септември“ за животно дело во 2015 година во областа на спортот. Член е на Клубот на Великаните на МОК од 2001 година.