Танцот на српскиот селектор Кари во диско е за олимписко злато

Светислав Пешиќ (74) ја продолжи успешната берба на медали на неговите претходници на клупата на кошаркарската селекција на Србија. На Олимписките Игри во Париз освоија бронзен медал. Беа прекечани традиционално на балконот пред Собранието на Белград а после тоа и во диско селекторот Пешиќ покажал како игра. Неговиот прекар е Кари, а во својата автобиографска книга објасни како го завикале Кари.

„Пред нашата семејна куќа во Пирот, во Новосадска улица се собираше друштвото од населбата. Тука како ученици од основно раскажувавме разни работи. Раскажувавме сцени од филмови кои сме ги гледале во кино. Во тој театар каде се раскажуваа сцени се добиваше прекар. Во тоа време во Пирот кој немаше прекар тој беше крајно сомнителен. Јас својот прекар го добив додека раскажував еден филм во кој играше Хари Белафонте. Постојано го викав Кари и така ме завикаа Кари. Така и ден-денес ме викаат пријателите“, вели српскиот селектор Кари Пешиќ кој на Србија и донесе ѝ светско злато во 2002-ва во Индијанаполис и Европско злато 2001-ва, како и светско сребро 2023.

Затоа момците му пееја „Kari's on fire, your defence is terrified“:

Спектакуларна фешта за српските олимпијци во Белград

САД одбива да го врати украдениот медал на Романка иако судот и МОК одлучиле така

Парола на колото

Јокиќ веќе се вратил кај своите сакани коњи, си пие пиво

 

13 август 2024 - 13:32