Меѓународната гимнастичка федерација (FIG) во саботата, на ден пред затворањето на Олимписките Игри, заедно со МОК одлучија дека бронзениот медал за трето место во натпреварувањето во партер на Олимписките Игри ѝ припаѓа на Ана Барбоса од Романија.
Во понеделникот Барбоса освои трето место но селекторите на САД вложиле жалба на резултатот во изведба на нивната пуленка Џордан Чајлс. Судиите со колебање ја преиначиле одлуката и го поправиле резултатот на Американката за 0,1 што и било доволно од петто место да „скокне“ на трето место и да стигне до медалот кој и припаѓа на Барбоса.
Во меѓувреме Романците упатиле жалба до Судот за спортска арбитража во Лозана кој едногласно одлучил дека жалбата на тимот на Чајлс е надвор од рамките од една минута колку што според прописите и правилникот на Гимнастичката федерација е дозволено да се бара ревизија на судиска одлука.
Судот во Лозана пресудил медалот да и се врати на Романката. Бразилката Ребека Андраде освои златен медал во партер, а среброто и припадна на Американката Симон Бајлс. Американците не ја даваат ниту бронзата која не им припаѓа.