Костов го има голот на колото во Конференциската лига на УЕФА
Српскиот репрезентативец Василије Костов го постигна најубавиот гол на целото коло во Конференциска Лига на УЕФА. На мечот Црвена звезда - Копенхаген кој заврши 2-2 а на кој Матеј Гаштаров си постигна автогол, Костов постигна прекрасен погодок кога од пречката топката заврши во гол за 2-1. Претходно со можеби еднакво убав гол Словенецот Тими Макс Елшник израмни на 1-1.