Алексовска ја совлада Мина Хаѕопулу од Грција после голема борба

Македонската борачка Даниела Алексовска забележа триумф на големиот ФНЦ 34 настан кој се одржува во СЦ „Борис Трајковски“ или по ново „Т-Арена“ во Скопје.

Даниела Алексовска која беше прогласена за најдобра млада спортистка на Македонија за 2025 година, во кафезот се појави како носителка на бронзен медал од Светското ММА првенство во Тбилиси 2025 и полуфиналистка од Светското првенство во Ташкент 2024.

Со 6/9 победи освоени со субмисија, Алексовска веќе влегува во редот на едни од најперспективните борци во оваа дисциплина. Нејзин ривал повторно беше Мина Хаѕопулу од Грција, а таа ја победи по три рунди, со субмисија.

Алексовска успеа после голема борба да ја турне Гркинката на земјата, ѝ зададе десет удари во низа во пределот на главата, по што Хаѕопулу ги крена рацете и судиите веднаш ја прекинаа борбата.

25 октомври 2026 - 09:38