Репрезентацијата на Србија одигра сјајни Олимписки Игри и беше близу епска сензација во дуелот со надмоќните САД кои на крајот очекувано стигнаа до златниот медал.
Српските кошаркари ги следи големо заедништво и тимски дух а Никола Јокиќ е предодреден да ги води. Тој одигра маестрални Олимписки Игри. За него селекторот Пешиќ во интервју за магазинот „ОКО“ на РТС вели:
„Гледајте, најлесно е да се тренира Никола Јокиќ, тој е едноставен дечко, посветен на екипата, на кошарката докрај. Ако одлучи да игра, тогаш е 100 одсто внатре, за време, и пред и после тренинзите и натпреварите.
Спремен е за секој вид комуникација, да врати, да има повратна информација, идеја за решавање некој проблем. Има огромно искуство иако е млад и треба уште да игра.
Исто така и Богдановиќ, Мициќ. Се се тоа играчи кои имаат искуство како играчи, ги тренирале најдобрите. Секако дека нивниот став, предлог, примедба се земаат на маса, се анализираат и после тоа се носат одлуки“, објаснува селекторот на Србија Светислав Пешиќ.
На прашањето како се носи со примедбите и забелешките на своите играчи тој вели:
„На крајот, знаете како, јас на почеток на тренерската кариера мислев дека тоа нарушува некој авторитет. Со годините многу се учи човек, после просто сфаќаш дека тренерот е тука поради играчите и дека тие се најважен дел и тоа што често го споменувам а и тие го знаат.
Не е добро тренерот да биде над екипата, а истовремено е важно играчите да знаат кој е тука најважно лице, а тоа е тренерот и да следат што од нив бара. Ако се направи баланс, тогаш и тоа е дел од нашата добра соработка, успехот. Го направивме тој баланс. Се разбираме добро“, вели Пешиќ после уште еден голем историски успех на клупата на Србија.
Спектакуларна фешта за српските олимпијци во Белград
Танцот на српскиот селектор Кари во диско е за олимписко злато