Жозе Мурињо тргна во поход по нови трофеи на ново работно место - тренер на турски Фенербахче.
После неколку пријателски средби летово, Мурињо и Фенербахче влегоа во сезоната. Во второто квалификациско коло за Лига на шампиони едвај го минаа швајцарски Лугано (3:4 победа на гости и едвај 2:1 победа дома).
Следен ривал во 3. коло им е француски Лил кој победи на првиот натпревар против Фенербахче 2-1 а реваншот е вечерва. Доколку помине во следна фаза Мурињо и гигантот од Истанбул ќе ги чека уште една пречка - плејоф за пласман во Лига на шампиони.
Во турската Суперлига Фенербахче во 1. коло отвори против Адана Демирспор и победи 1:0 со гол на Един Џеко во 34’ минута.
Претходно Жозе Мурињо добил жолт картон после само 20 минути игра. После мечот признал дека картонот бил сосема оправдан и заслужен затоа што тој неколку пати го минувал ограничениот тренерски простор.
Интересно Мурињо за цели 24 години тренерска кариера никогаш не го изгубил првиот меч со својот нов клуб. Два пати почнал сезона со нерешен исход но со тие клубови подоцна освојувал Лига на шампиони.
Уште поинтересно од овој натпревар е што за гостите од Адана Демирспор бранел 15-годишно момче кое ги импресионирало сите.
КОЈ Е МАЛИОТ ШТО ЈА ЗАЧУДИ ТУРЦИЈА?
Дениз Денмезер е тинејџер, практично дете на кое што може да му позавиди дури и шпанската европска шампионска сензација Ламин Јамал.
Голманот на Аданаспор Денмезер застана меѓу стативите на голот на тешкото гостување против гигантот Фенербахче. На само 15 години 10 месеци и 21 ден. Турција е во неверица.
Адана изгуби 1-0 со единствениот погодок на Един Џеко кој е дури 23 години постар од јунакот на приказнава. Кога Дениз се родил, Џеко играше за германски Волфсбург и беше главен центарфор.
Денмезер забележал четири одбрани од кои два после сериозни удари од слободен удар.
Интересно, тој на гол не застанал поради повреда на првиот голман како што обично бива, туку ја победил конкуренцијата на далеку постарите и поискусни 26-годишниот Ведат Каракуш и 21-годишниот Илмаз Акташ.
Тренерот на Адана Демирспор Мајкл Валканис после мечот вака ја прокоментирал одлуката: „Дениз е сосема млад играч. Но со огромен потенцијал. Физички е најдобро спремен од сите. Такви играчи мора да добијат шанса“.
А самиот јунак Дениз рекол: „Не сомневав во своите сили. Дознав дека ќе бранам со Фенер на неколку часа пред мечот. Сега сум пресреќен, фала. Се надевам дека ова е само почеток“, рекол голманот.