Offside

Го знаете ли битолчанецот кој му беше ментор на Висенте дел Боске и кој на Сантијаго Бернабеу беше претставен од Сантијаго Бернабеу? Инаку селектор на Југославија во четири наврати, како и добитник на Орден за заслуги од страна на ФИФА.

Падобранец на пресот на Џенова по име Един Џеко

Даниеле Де Роси и Един Џеко беа соиграчи во Рома во периодот 2015-2019. Сега Италијанецот е тазе тренер на Џенова, а Босанецот на 39 години игра за Фиорентина. Џенова - Фиорентина конечни 2:2. Един му посака успешна тренерска работа во новиот клуб со куп бакнежи.

Во Канада шампионот се одлучи на јак снег, резерви гледале од соблекувални

Не толку следена лига, речиси полу-професионална, ама финалето кое се одиграло таму ќе се раскажува уште долго. И покрај сите напори натпреварот да се одложи некако поради обилни снегови, фудбалерите стиснале заби и изгирале врвен натпревар на кој паднал и гол со ножички.

Кај Пеп забрането е рогачката

Со головите на Халанд, Нико и Доку, Манчестер Сити му го нанесе петтиот пораз на Ливерпул по 11 меча во Премиер лигата. Погледнете како и од каде почна акцијата први првиот гол. Ова се вика војничка дисциплина.

Спектаклот Бока - Ривер 2:0 на „Бомбонера“

Големото Суперкласико, дербито меѓу Бока Јуниорс и Ривер Плејт го добија домаќините со 2-0 пред преполни трибини и со шоу од навивачите.

Еврогол со ножички на фудбалерот кој не се снајде во Барселона

Во 33. коло од бразилската Серија А, лидерот Палмеирас се лизна на гости кај четвртиот Мирасол и изгуби 2-1. Поради тоа Фламенго со победа ги стигна на табела и сега имаат по 68 бода на неколку кола до крајот. Домаќините повеле во 2' минута, а Витор Роке кој отиде во Барселона ама таму не се снајде па се врати дома во Бразил, израмни со прекрасни ножички.

Цела Бенфика се држеше за глава поради автоголов

Бенфика помина многу лошо ова коло. Имаше водство против Каза Пиа од 2:0 до 65 минута, потоа гостите промашија пенал, кој на чуден начин се претвори во автогол. Во 91-ва минута 2:2. Штета што ја нема реакцијата на Мурињо.

Желбата на Ѓоковиќ за крајот на кариерата

Често го чепкаат изминативе пар за години за пензионирање, тема која не му е воопшто омилена. Ќе ви стане јасно зошто откако ќе го изгледате видеово.

Кој ти е овој брејк поен на 38 години?

Ако некој прашува што прави и каде е Новак, тој е во Атина, каде го освои трофејот број 101 во кариерата, откако во АТП финалето беше подобар од Италијанецот Лоренцо Музети со 2-1. Да погледнеме едно клипче од дуелот.

101-ва титула во кариерата за Ѓоковиќ, бурно ја прослави

Најдобриот светски тенисер на сите времиња не само што уште игра во врвна форма туку уште освојува трофеи. Во АТП финалето на турнирот во Атина синоќа го совлада Италијанецот Лоренцо Музети со 2-1 во сетови и стигна до неверојатен 101. трофеј во кариерата!

Луд трипл-дабл на Никола Јокиќ, после Голден Стејт ѝ одржа лекција и на Индијана

Српскиот репрезентативец, трикратен МВП на НБА лигата одигра уште еден лудачки натпревар и го забележа шестиот трипл-дабл сезонава.

Нов блесок на Меси, асистенција, 2 гола, дриблинзи

Најдобриот фудбалер на светот на сите времиња според мислење на многумина, синоќа го однесе својот тим Интер Мајами во полуфинале на доигрувањето за титулата во МЛС лигата откако со 4-0 го разбија Нешвил во мајсторката.

Гордон влезе во Џордан филм

Денвер го совлада Голден Стејт со 129:104. Јокиќ повторно во елемент со 29 поени, 9 скока и 9 асистенции, а втор стрелец во тимот беше Мареј со 23 поени. Гордон постигна 18, еден од нив, спектакуларен. На цел интернет се врти неговото забивање.

Сте виделе како оди брат му на Јокиќ?

Сите знаеме каде е и што прави Никола Јокиќ. Ама обрнете внимание на еден од неговите двајца браќа, а тоа е Страхиња, кој е најстар со 43 години. Грамада од човек, висок 208 см и тежок над 180 кила, според тв прилогов. Лани на еден му влезе со боксови на трибина и неодамна доби условна казна од 1 година. Жртвата се жали дека уште страда од анксиозност после ќотекот.

Катапулт и тоа за победа во 95-та минута

Ако треба да се направи топ листа на решавачки голови во судиско од оваа сезона, овој од германската втора лига засега сигурно оди на прва позиција. Проектилот го лансираше Јаник Дем од Гројтер Фирт за триумф од 1:0 над Происен Мунстер. Не се брани ова.

После 849 дена Барса се врати на „Камп Ноу“, на тренинг имало 22.000 гледачи

После долго време Барселона се врати, макар привремено во својот дом, на култниот стадион „Камп Ноу“. Првиот тим тренирал а отворениот тренинг го следеле околу 22.000 симпатизери. Постои веројатност на 22 ноември за дуелот со Атлетик Билбао конечно да заиграат на реновираниот стадион или на 29-ти за мечот со Алавес.

„Жолтата подморница“ влегува во Македонија

После низа на бљак вести од мак фудбалот изминатиов период со местенки и тепачки, конечно нешто убаво да прочитаме и искуцаме на тастатура. Ама и големо. Деца таленти желни за фудбал, имате шанси да се докажете во Виљареал.

Кореографија на вечерта - Ренџерс на Миовски против Рома

Кој би рекол дека Ренџерс и Селтик нема да бидат први во домашното првенство каде нивната доминација трае со децении (прв е Хартс замислете со 9 бода повеќе од Селтик и дури 14 повеќе од Ренџерс). И двата клуба играат мизерни сезони. Ренџерс има 4 порази на 4 натпревари во Лига Европа, а Селтик има победа, нерешена и два порази. Сменија тренери но работите не се сменија. Единствена светла точка се навивачите. Синоќа на дуелот Ренџерс - Рома (0-2) навивачите на шкотскиот клуб направија спектакуларна кореографија на тема гладијатор во Колосеум, со музика од култниот филм со Расел Кроу.

Големиот Роналдо со најубави зборови за Ѓоковиќ

Во емисијата кај Пирс Морган кој е близок пријател со Кристијано Роналдо, најдобриот светски фудбалер на сите времиња според многумина зборуваше на разни теми. Спомна и за Новак Ѓоковиќ, најголемиот тенисер во историјата за кого Пирс Морган му кажа дека тенисерот неколку пати изјавил дека Кристијано Роналдо му е инспирација и доказ како може да се биде добар и по 40 години.

Како ја плесна на таков начин тапкана?

Интересен, убав и атрактивен гол во Конференциска лига синоќа падна во Словенија. Целје ја совлада Легија Варшава со 2:1, со победнички погодок на Жан Карничник. Како ли успеа да ја зафати така странично и прецизно откако топката тапна? Друг би ја опалил кај чавките.

Антони во Манчестер vs Антони во Бетис

Беше играч за потсмев на Олд Трафорд, каде го искинаа од заебанции на социјални мрежи. Но, во Шпанија е како препороден. Само пет дена по двете голчишта против Мајорка, синоќа повторно во голем стил си поигра со голманот, овој пат против Лион во ЛЕ за победа од 2:0. Прво погледнете му го голот, а потоа и статистиката.

Во Бразил има 25.900 имиња Рикелме, 363 Меси и 128 Марадона

Регистерот на имиња во Бразил покажал дека имињата на славните аргентински фудбалери се прилично застапени. Пример името Рикелме е попопуларно дури и од Нејмар а помалку од Ромарио.

Болоња права мала Аргентина

Фудбалерите на Болоња одиграа 0-0 против норвешки Бран во 4. коло од Лига Европа а од 23' минута на овој натпревар играа со играч помалку по црвениот картон на Гркот Харалампос Ликојанис. Тифозите на Болоња потсетија на старите добри времиња во италијанскиот фудбал со прекрасна бакљада на својата трибина.

Голчиштето во 100-та минута, кое Шкендија ја чини два бода и 267.000 евра

Фудбалерите на Шкендија не успеаа да стигнат до втора победа во групната фаза од Конференциската лига. Примија гол во 10 минута од судиското продолжение за конечни 1:1. Во случај на триумф, на сметка ќе им легнеа 400.000 евра, а вака за ремито ќе мора да се задоволат со 133.000 евра. Славјето им го расипа Шпанецот Серхио Лозано со бомба удар.