33 години од првиот гол на Македонија - Чоко Бошковски во Словенија

Пред точно 33 години, на денешен ден во 1993-та година фудбалската репрезентација на Македонија го одигра својот прв натпревар. На 13-ти октомври таа 1993-та во Крањ за првпат се слушна македонската химна на фудбалски натпревар.

Македонија победи 1-4. Капитен на екипата беше Дарко Панчев, селектор Андон Дончевски а во составот утше: Илија Најдоски, Бобан Бабунски, Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Чедомир Јаневски, Зоран Јовановски, Љупчо Марковски, Драган Канатларовски, Тони Мицевски и Зоран Бошковски. Во 3' минута Чоко Бошковски го даде првиот гол во историјата на македонската фудбалска репрезентација.

Во листата стрелци се запишаа уште и Дарко Панчев, Чеде Јаневски и Драган Канатларовски 51.минута.

 

13 октомври 2026 - 13:06