Offside

На 13-ти и 14-ти декември во Рим селекција на Македонија предводена од нашиот легендарен фудбалер ќе игра на еден интересен турнир во мал фудбал со 7 играчи.

Турски навивачи не го оставија Ливерпул да спие

Стотина навивачи на Галатасарај доцна синоќа после полноќ правеле голема врева во близина на хотелот каде престојува Ливерпул пред нивниот натпревар од 2. коло во Лига на шампиони. Огномет, петарди, голема бука за црвените кои прашање е дали отспале ноќеска.

Мурињо се враќа на „Стемфорд Бриџ“, сретна жена која таму работи 48 години

Чудни се навистина патиштата фудбалски. Не знаеш кој каде и кога ќе отиде, кој од каде ќе замине. Жозе Мурињо кој се раздели со Фенербахче, добил утредента богата понуда од португалскиот гигант Бенфика. После цели 25 години се враќа во клубот кој на времето кратко го водел на само 12 натпревари. Мурињо сега во Лига на шампиони со Бенфика ќе му гостува на Челси, клубот во кој проживеа славни денови од тренерската кариера.

Опасен кадаров а?

Обидете се да се ставите во кожата на тренер на противничка екипа, која треба да се соочи со бандава. Што да им прави човек? Инаку кога сме кај Барселона, во среда од 21 играат против европскиот првак ПСЖ.

Почна НБА забавата со Јокиќ

Заврши летото, а со тоа и Европското, па кошаркарите се веќе во строј во САД. На 21 октомври стартува сезоната 2025/2026, но за брзо почнуваат предсезонските натпревари. На 5 октомври Денвер Нагетс игра против Минесота. Никола Јокиќ позира за новата фотосесија со новиот колега, Литванецот Јонас Валанчиунас. „Да не сакате да го бацам“, вели Србинот, кој веќе почнува да прави забавен контент за време на медија обврските.

Капитенот капитенски - Боуен со прекрасен гол за бод на Вест Хем

Екипата која се наоѓа во криза поради што навивачите протестираат против управата и бараат да замине, синоќа на гости кај Евертон одигра 1-1. Губеа 1-0 ама капитенот Џаред Боуен со прекрасен гол израмни и им донесе многу важен бод од тешкото гостување. Вест Хем играше за првпат под новиот тренер Нуњо Еспирито Санто кој дојде на местото на избрканиот Грем Потер.

Размена на провокативни и вулгарни зборови меѓу Коке и Винисиус

Шпанците по неколку дена се занимаваат со градското дерби. Објавија комуникација од теренот меѓу Винисиус и Коке: „Плачеш како бебе, гомно едно“. Одговорот на Коке: „Мбапе ти го јаде лебот (ти го краде вниманието). Тој е најдобар“.

Дрзок и неспортски потег на најмладиот во Реал

Франко Мастантуоно има 18 години и 6 настапи во Ла Лига, први општво во европскиот фудбал од доаѓањето од Ривер Плејт. Некој треба да го научи дека навивачите не му се криви што примија петарда на градското дерби. Не ти требаше ова дете.

Словенечки еврогол за мерак на душата

Се вика Алдин Јакуповиќ, има само 19 години и веќе го постигна еден од најубавите и потенцијално најјак гол на кариерата. Игра за Браво, а мајсторијата му успеа на мечот против Копер.

Не е секој за паненка од пенал

Центарфорот на бразилски Коринтијанс, Јури Алберто на дуелот на неговиот тим против Фламенго проба атрактивно да даде гол од пенал ама голманот многу лесно му ја фати „паненката“ и го посрамоти. Јури Алберто подоцна во 47' минута постигна убав гол после силен продор за 1-0 ама на крај Фламенго победи 1-2 после пресврт.

Филмска сторија за „Изгубениот сон на југословенскиот дрим тим“

Југославија е единствениот кошаркарски, а можеби и кој и да е друг спортски тим во историјата, кој има освоено злато за земја која во тој момент повеќе не постои. Уникатна и болна вистина, повеќе од доволна за документарец, кој денеска радо би го гледале и тоа само 12 часа откако се вративме од премиера.

Вардарци ги повикуваат навивачите за мечот на сезоната

Иако е рана фаза од сезоната, во 5. коло од македонската Суперлига ќе се одигра големото дерби Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер. Во среда со почеток од 19:00 часот црвено-црните ќе го пречекаат големиот должник од минатата сезона кој им ја освои титулата пред нос во нивна сала.

Кој го памти Андрос Таузенд?

Некогашниот врвен англиски репрезентативец кој играше одличен фудбал во Њукасл, Бирмингем и Тотенхем, сега на свои 34 години иако не е многу стар реши да игра на Тајланд. Пред неколку месеци потпишал договор со клубот Канчанабури а веќе на 6 натпревари има 1 гол и 2 асистенции. И тоа каков гол дал во саботата погледнете:

Си видел црвен картон во 50-та секунда?

На дуелот меѓу Рен и Ленс во француската Лига 1 гостинскиот фудбалер Жонатан Градит направи груб фаул како последен играч уште на почеток во 48-ма секунда и доби директен црвен картон. Неговите соиграчи лавовски 90 и кусур минути се изборија за 0-0 и голем бод од тешко гостување.

Најмладиот стрелец на гол за Лече, на 17 години за голем бод

Шпицот на Милан позајмен во Лече, Франческо Камарда на 17 години и 202 дена постигна гол за новиот тим во 90+4' минута од дуелот против Болоња за конечни 2:2 и голем бод на неговата екипа. Камарда на тој начин стана најмладиот стрелец во историјата на Лече. Претходниот го држеше Бугаринот Валери Божинов кој на 17 години и 330 дена исто против Болоња на 11-ти јануари 2004-та постигна гол.

Новиот миленик на Њукасл за лактот на Габриел

Домашните натпревари на Њукасл на „Сент Џејмс Парк“ се право уживање за гледање. Полн стадион кој реагира на секое случување на теренот. Поведоа црно-белите со преубав гол на Волтемаде со глава и водеа до 84' минута кога прво Мерино возврати со глава за 1-1, а потоа и Габриел Магаљаеш во 90+6 кој им донесе луда победа на „топџиите“ 1-2 во последни секунди. Стрелците на головите Габриел и Волтемаде имаа и расправија на теренот откако Бразилецот намерно го удри Германецот во еден дуел.

Кој е пооткачен, Конте или Алегри?

Милан го совлада Наполи 2:1 во 5. коло од Серија А, со играч помалку од 57-ма минута и сега е прв на табела со 12 бода, исто колку што имаат Наполи и Рома. Човек на одлука Пулишиќ, кој првиот гол го намести со страшен трк од својата половина, а беше стрелец на вториот. Елмас влезе во 72-ра место Де Брујн.

Имате пиено пред натпревар или?

Надреални 18 секунди од полскиот прволигашки фудбал меѓу Видзев Лоѓ и Раков. Ај еден до двајца да не се океј, ама овде кој фати топка, не знае кај тера.

Генијални дриблинзи на Педри и Јамал

Барселона го совлада Реал Сосиедад со пресврт 2:1 и сега е пред Реал. Стрелци Кунде и Левандовски. Пољакот стигна до гол број 700 во кариерата, а она што воодушевува плус кај овој тим се нивните златни деца кои фудбалот го прават забавен за гледање. 

Лудата тројка на Војдан за делириум и трофеј на МЗТ

Кошаркарите на МЗТ Скопје продолжуваат со доминацијата во мак кошарката. Во финалето на Супер Купот го совладаа Кожуф со 71:65 и со тоа стигнаа до петти трофеј во Супер Купот по ред и вкупно осми. Клучниот потег на мечот го направи Војдан Стојановски со тешка тројка ала Кари од неизградена позиција, на 30 секунди до крај.

Навивачки хаос во Мароко

Во 3. коло од мароканската прва лига Ботола Паро 1, се сретнале екипите на Олимпик Дчеира и Кавкаб од Маракеш. Домаќините победиле 2-1 а после натпреварот избила масовна тепачка меѓу илјадници спротивставени навивачи на двата тима.

Сув лист на колото

Дваесет и пет годишниот грчки фудбалер Александрос Киѕиридис го постигна најубавиот гол на колото во шкотската Премиер лига. На мечот на кој неговиот Хартс со 3-0 го победи Фалкирк, Каѕиридис го даде првиот погодок во 22' минута. Невидено голчиште кое долго ќе се врти по најдобрите моменти на сезоната во Шкотска.

Зајон Вилијамсон се стопил

Њу Орлеанс сосема оправдано ставил клаузула во договорот на некогашниот прв пик на драфтот и голема ѕвезда која многу ветуваше во НБА лигата, Зајон Вилијамсон дека при евентуална голема тежина и неприлагодливост ќе му се крати од платата.

Чекај да ти каже Меси како треба

На еден тренинг на Интер Мајами, светскиот шампион со Аргентина Родриго Де Пол кој е најдобар другар на Меси поради кого дојде во САД, пробува да даде гол од позади гол. Не успева па доаѓа Лео да му покаже како треба.

Промотивно видео за маскотата на СП 2026

Канада, Мексико и САД на 11 јуни следната година или за нешто повеќе од 8 месеци, ќе го пречекаат фудбалскиот свет. Почнаа да откриваат дел од маркетингот.