Претседателот на Серија Ц, италијанската трета лига, Матео Марани раскажал: „Во 1999-та Барези го избраа за играч на векот во Милан. Многумина го критикуваа тој избор. И навистина, Ривера го надмина неговото ниво, уште посовршен беше Паоло Малдини, по мене, сигурно најголемиот во миланската историја. Но Барези беше најсакан, тоа е неспорно. Никого повеќе не сакаа од него“.
Во понеделникот се појавија фотографии од влезот во Каза Милан. Калдрмата пред влезот и внатре била претворена во стихијски меморијал. Сè било прекриено во црвено-црни бои: верните тифози на Милан дошле да му оддадат последна почест на човекот кој за нив даде сè - и за кого сосема сигурно би го сториле истото.
И вистина е дека во славната историја на Милан никој на бил повеќе почитуван од Барези.

НИШТО НЕ МОЖЕЛО ДА ГО СКРШИ БАРЕЗИ
На 14 години младиот Франко Барези дошол на проба во Интер. Неговиот брат Бепе веќе неколку лета играл за младинците на нераѕурите и живеел во клупската академија на Виале Фамагоста. Накратко, се било под контрола. Сите биле задоволни од постариот брат до тколку што и големиот тренер Итало Галбиати дошол да го погледне и помладиот брат - Франко.
Преостанало само да се избегне некоја непромислена грешка во погрешен момент.
Франко не ја поминал пробата. Итало го кренал носот и тивко рекол: „Мораш малку да пораснеш, врати се за година дена“.
Следната година Барези дошол во Милан и таму повторно го затекнал Галбијати - тренерот во меѓувреме го сменил клубот и седнал на клупата на ривалот.
Како одбранбен фудбалер, Барези бил свесен дека и натаму е најситен меѓу своите врсници, но тоа не го покажувал. Го пробувале на разни позиции, на бек и на стопер и сè изгледало добро.

Тренерите се посоветувале еден со друг и заклучиле: „Да го земеме. Но со услов: ќе добиваш милион лири за секој сантиметар над 170“. Франко тогаш имал 164 сантиметри, дораснал до 176 а многумина не се надевале ни на толку.
Во април 1978-ма првпат заиграл во Серија А. Сите околу, од ривалски играчи до навивачи се обидувале да го совладаат. Енрико Албертози, еден од легендарните италијански голмани на секои две минути му викал: „Пази малку повеќе“. Барези се воздржувал да не одговара.
После натпреварите култниот Нерео Роко чиј глас надалеку се слуша, го сопрел и му рекол на Франко: „Еј будало, што правиш ти овде“? Соблекувалната се прснала од смеење.
Франко се насмеал и тргнал кон тушевите. Уште не знаел дека таква „боцка“ во светот на Нерео Роко е всушност голем комплимент. Но ни тоа не му сметало.

„Невозможно беше да не се примети неговиот талент. Сите веднаш сфатија дека е осуден на успех. Во него немаше ни трунка срамежливост. Уште од прв тренинг ја презеде командата над останатите а не се плашеше ниту силно да му се спротивстави на тренерот Ривера. Можете да замислите? Феномен!“
Во 1994-та Франко Барези го играше третото и свое последно Светско првенство. За него овој Мундијал бил многу важен:
„Достигнав навистина многу. Освојував скудета и Куп на шампиони. Веќе имам многу трофеи. Но едно нешто ми недостига во колекцијата. Никогаш не сум освоил Светско првенство. Да, ме сметаат за Светски шампион од 1982-ра но никогаш навистина не чуствував дека таа титула е и моја. Бев само момче на трибините. Беарцот (селекторот Енцо) не сметаше на мене а и зошто би? Го имаше Ширеа. Јас никогаш и не помислив да конкурирам со таков играч како Ширеа. Титулата во 1990-та можеше да биде моја да не беа тие проклети пенали“, рекол Барези.
На 23-ти јуни 1994-та, во второто коло од Светското Барези го повреди коленото. После натпреварот го оперирале. Мундијалот за него наводно беше готов.
На 17-ти јули Франко Барези се врати на терен за големото финале против Бразил. Дури ни со денешната современа спортска медицина не е можно тоа. Тогаш сметале дека ќе се опорави дури на крајот од летото и тоа во најдобар случај.

Но Франко со капитенска лента и свежи лузни се врати после три недели и го одигра најдобриот меч во кариерата - барем по негово лично мислење. За 2 часа фудбал (120 минути) никој никогаш така не го сопрел неверојатнито Ромарио. Во светот немаше побрз шпиц од него.
„Право да зборувам тој е најтешкиот ривал во мојата кариера. Франко е еден од најголемите стопери на сите времиња. Имав среќа да играм на неговиот проштален меч и дури тогаш тој беше на друго ниво во споредба со останатите“, рекол Бразилецот Ромарио.

Италија изгуби на пенали а еден од пеналите не го искористи Франко Барези. „Да се изгуби секогаш е горчеливо“, рекол кратко големиот италијански џентлмен на теренот.
Барези не стана светски шампион иако одамна во 1982-ра беше дел од селекцијата која освои Мундијал.
ОСТАНА ВО МИЛАН ДУРИ И КОГА ДРУГИ ЗАМИНУВАА
Во 1977-ма на првиот собир во Милан, Барези тогаш како млад фудбалер се зближил со уште едно младо момче: Фулвио Коловати. Станале добри другари. Фулвио бил три години постар и секогаш прв доаѓал и во клуб и во репрезентација, а Франко одел по него. Со текот на времето каде се појавувал едниот - таму и другиот.
Во 1980-та Милан бил исфрлен во Серија Б поради малверзации и почнале мрачните времиња. Тука не бил веќе ни тренерот Ривера кој ја завршил кариерата.

„Предавство е суров збор. Вие не знаете што тоа значи. А јас знам каков вкус има. Имав 20 години кога Милан го пратија во Серија Б за местење. Се чуствував предаден од луѓето скои делев тренинзи, радости и тага. Не можам ни да замислам дека некој може да ги предаде навивачите и другарите за повеќе пари“, рекол Барези.
Следното лето Франко се спремал за нова сезона - овојпат назад во Серија А. Тренерот Џиџи Радиче ја спремал екипата. Неговите тренинзи биле сурови а тој бил омразен од играчите. Се жалеле сите освен тој - Барези.
Милан пак имал слаба сезона. Барези малку учествувал во неа. После некои тренинзи тогаш почуствувал дека губи контрола над телото, во инвалидска количка го однеле во специјализирана клиника.
„Тоа беше ужас. Имав неверојатно висока температура, се потев, не можев да ги мрдам рацете и нозете. Се чуствував како во кошмар. Ми кажаа дека имам заразена крв. По пат шепотеа за некаква неизлечива болест. Потоа се испостави дека било просто сепса“, раскажал големиот капитен Барези.

Пропуштил 4 месци. Клубот одново испаднал во Серија Б. Богатата Сампдорија дошла со понуда за него и му нуделе огромна сума. Милан прифатил. Неговиот другар Коловати прифатил слична понуда но од Интер.
Барези кратко одговорил: „Милан е мојот живот“.
Во 1985-та росонерите биле близу банкрот.
Лешинари се навртеле околу останатите светла во клубот. Франко светел најсилно. Сампдорија уште еднаш пробала, па пробал и Интер со адуто: Коловати е човек кој делел соба со Барези шест години во клуб и репрезентација.
Но големиот Барези одбил и до крај му остана верен на Милан....
Освои 6 шампионски скудета, 3 пехари во Куп на европски шампиони, 20 години играше во Милан од кои 15 како капитен. Забележа 719 настапи, постигна 33 гола.
Имаше 81 настап за Италија и беше дел од тимот што го освои Светското првенство во 1982 година. Играше во финалето во 1994 година, кое Италија го загуби од Бразил.
*****************************************************************
Замина иконата на Милан, Франко Барези
Големиот Франко Барези замина во вечноста - неговиот број беше повлечен во Милан
Ден на силни емоции во Милано - Франко Барези испратен во вечноста