Големиот Франко Барези замина во вечноста - неговиот број беше повлечен во Милан

На 66 годишна возраст почина легендарниот фудбалер на Милан и репрезентацијата на Италија, вечниот број 6, Франко Барези.

Минатата година Барези имал операција за отстранување на јазол од белите дробови а претходнава зима тој беше еден од знаменосците на Олимписките Игри во Милано. Тоа му беше и последно појавување во јавноста.

„Денес го чувствувам истото чувство како и тогаш кога ти не можеше да истрчаш на терен заедно со нас: како ќе биде без нашиот Капитен? Ти ме научи да се борам до последен здив, ми покажа што значи предност кон клупскиот дрес и што значи да се биде прав лидер. Ти го покажуваше тоа преку свој пример секој ден: малку зборуваше но многу правеше.

Ти ме штитеше кога бев дете, ме водеше кога бев момче и ме инспирираше како возрасен. Ти беше најјакиот фудбалер со кого имав чест да играм. Ќе ни недостигаш Капитену. Но светлото на твоите ѕвезди засекогаш ќе ни го осветлува патот“, напиша Паоло Малдини за својот најдобар и најверен соиграч.

ВИСТИНСКА И ГОЛЕМА ЛЕГЕНДА НА МИЛАН

Барази играше за Милан од 1972 до 1997, стана симбол на позицијата либеро. Диего Марадона за него кажа дека е најдобар одбранбен фудбалер во историјата. Паоло Малдини за него кажа дека е икона. Руд Гулит се жалел дека не може да го пројде Италијанецот: „Тој секогаш знае што ќе прави напаѓачот и пред самиот центарфор“.

Марсеј Десаи го сметаше Барези за последното право либеро.

Франко Барези велеше дека негов идол е Франц Бекенбауер а во Италија дури и го нарекоа во чест на Германецот - „Кајзер Франц“.

Бројот 6 беше повлечен од употреба во Милан во чест на големиот Барези. Во кариерата освои Светско првенство 1982-ра, 3 пехари во Лига на шампиони и беше 6-кратен шампион на Италија.

Барези беше и вицешампион на светот во 1994-та, бронзен медал освои на Светското 1990-та и Европското 1988-ма. Доказ за неговата величина беше финалето на Светско 1994 против Бразил. Тогаш Франко се повреди но остана да доигра до крај. Имаше феноменален настап против Бебето и Ромарио иако физички не беше во најдобра форма поради повредата.

Тој натпревар беше еден од најдобрите на еден стопер во големо финале на Светско првенство иако го промаши својот пенал во драматичната пенал серија.

„Сите плачеме за смртта на Франко Барези.

Тој засекогаш ќе остане неодвоив и фундаментален дел од нашата ДНК како и неговиот дрес со број 6. Сочувството кое Милан го изразува на целото семејство на Франко Барези го делат сите росонери затоа што во овој тежок час болката стана лична за секој од нас.

Со него, важен дел од клупската историја на Росонерите заминува во легендата. Тој беше единствен кој го водеше Милан од Серија Б до врвот на светот.

Да се објави загубата на некој кој беше срцето и душата на Милан е неверојатно тешко. Но секој во клубот и сите Миланисти мора да го чуваат сеќавањето на Франко Барези. Мора да бидеме силни и да го обединиме секој атом енергија, дури и во најтешките времиња. Го загубивме Франко само неколку месеци по неговото јавно појавување на Сан Сиро, за Зимските Олимписки игри во Милано, светски настан кој тој направи да биде незаборавен.

Во сеќавање на Франко стоиме обединети со сознанието дека тој ќе не води и ќе не турка на нашиот пат како Росонери. Засекогаш. Зошто Франко Барези е засекогаш“, напишаа од неговиот Милан.

31 јули 2026 - 11:16