Offside

Светското првенство 2026 никако да стивне. Се уште стигнуваат вести дури и една недела после големото финале во кое Шпанија ја совлада Аргентина со 1-0 и после европската титула ја освои и светската. Сега стигнува информација дека САД би можеле на име на даноци да и земат на Шпанија дури 19 милиони долари од рекордната сума која ФИФА ја дава за светски првак.

Врвните паради на Алисон кој правеше чуда

Бразилскиот репрезентативен голман со право е број 1 на голот на „кариоките“. Синоќа на мечот ПСЖ - Ливерпул (0:1) покажа зошто важи за светска топ класа голман со години веќе. Одбрани 8 чисти шута во рамки на неговиот гол и е најзаслужен што Ливерпул се спаси на гостувањето во Париз.

ЕХФ: Ти благодариме господине Дибиров што нè натера да веруваме во магија

Издржливост, долговечност, посветеност, плус мајстор на ракометот. Еден од најголемите крила во 21 век и сигурно меѓу најомилените ликови на навивачите на Вардар. Клубот за кој би се вратил повторно да игра за европска титула без плата.

Убав муабет меѓу Дибиров и навивач на Вардар

Натпреварот меѓу Загреб и Киелце (26-27) во Лига на шампиони беше последен во кариерата за Тимур Дибиров. Од трибина го следеше Македонец кој имаше кус разговор со руската легенда. На крај му се заблагодари за сè што направи за Вардар и македонскиот ракомет. Тимур му возврати дека планира наскоро да дојде во Скопје на натпревар на црвено црните. Во меѓувреме стигна покана и од РК Вардар: Те чекаме.

Легендарната реклама на Роберто Карлос за Пепси

Бразилецот играше лев бек а во своето време беше најпопуларен фудбалер на светот. Препознатлив по сјајната левица со која постигнуваше прекрасни голови од слободни удари.

ПСЖ играше викторија, Ливерпул победи со 1 шут

Дека статистиката во фудбалот не значи ама баш ништо на крајот, покажа и првиот дуел од 1/8 финале на ЛШ меѓу ПСЖ и Ливерпул. Домаќините имаа 27 шута од кои 10 во рамки на гол. Гостите имаа 2 удари од кои само 1 во рамки и тој заврши во мрежата. Баерн убедлив против Баер Леверкузен а Барселона со играч помалку до огромен триумф во Бенфика.

Пантерските реакции на Алисон со ПСЖ

Пари Сен Жермен играше „викторија“ пред голот на Ливерпул во првиот дел од првиот натпревар во 1/8 финале на Лига на шампиони, но само благодарение на Бразилецот црвените ја спасија мрежата. Бранеше Алисон маестрално во неколку наврати.

Интер заврши пола работа, со една нога е во четвртфинале

Фудбалерите на Интер рутински со 0-2 го совладаа холандски Феенорд во Ротердам на првиот меч од осминафиналето. Нераѕурите на Инзаги имаа и пенал за огромни 0-3 но го промаши полскиот репрезентативец Пјотр Зјелински. Стрелци на двата гола главните центарфори на екипата, Маркус Турам и Лаутаро Мартинез.

Епскиот жолт картон во Лига на шампиони

Се работи за четвртфинале меѓу Легија Варшава и Панатинаикос од Атина, а сезоната е 1995/1996. Некои случки едноставно се неповторливи во фудбалот.

Роналдо не патува на меч во Иран за да не добие 99 камшици

Португалскиот ас Кристијано Роналдо најверојатно ќе го пропушти првиот натпревар од 1/8 финалето на азиската Лига на шампиони меѓу ирански Ештегал и неговиот Ал Наср.

Омилени филмови на фудбалерите на ПСЖ

Вечерва во Париз ќе се одигра првиот дуел од осминафиналниот пар ПСЖ - Ливерпул. Луѓето кои ги водат друштвените мрежи на парискиот клуб направиле мала анкета во екипата. Кој ви е омилен филм? Во оваа прилика го поздравуваме голманот Џанлуиџи Донарума кој очигледно има добар филмски вкус.

Шест години од лудиот перформанс на Ајакс на Бернабеу

Како вчера да беше онаа неверојатна сезона 2018/2019 на Ајакс кој без пораз ја мина групната фаза, а во нокаут ги елиминираше Реал и Јуве и стигна до полуфинале. 1:4 да го добиеш Реал во осминафинале на нивен терен е реткост. Ги здробија.

Пандев против Јувентус со коментар на Јанко

Ако налетате денеска на појак клип да ни пишете. Лацио против Јувентус, полуфинале на Куп на Италија, март 2009-та. Гостите поведуваат со голот на Маркиони, но Пандев и Роки ја вртат. И пази ова, со пренос на Наша Тв и со коментар на Јанко Илковски. Ќе го покажат и него во кадар. Па нема појако од ова.

Жељко Обрадовиќ кај Славен Билиќ

(Не)успех на првакот е насловот на емисијата која на Арена Спорт ја водеше Мирза Џомба, а од неодамна палката ја презеде легендарниот хрватски тренер Славен Билиќ кој решил малку да одмори од секојдневните тренинзи и напорните натпревари. Меѓу првите гости му е најтрофејниот европски кошаркарски маг - Жељко Обрадовиќ. Фин муабет.

Почина легендарниот италијански коментатор Бруно Пицул

Најпознатиот италијански спортски коментатор, Бруно Пицул починал во Горица на 86 години. Роден на 8-ми март 1938-ма година, Пицул работеше во италијанскиот национален сервис РАИ уште од 1969-та. Од Светското првенство 1986-та беше препознатлив глас за италијанската и пошироката европска публика. Последен натпревар кој го коментираше овој легендарен спикер кој пренесуваше и натпревари од Серија А, беше мечот Италија - Словенија во август 2002-ра. Тој го прнесувал и трагичниот меч од Хејсел, финалето на Куп на европски шампиони меѓу Ливерпул и Јувентус кога загинаа 39 лица а стотици беа повредени.

Лука Дончиќ одново решеташе, па го пцуеше судијата

Еден од најдобрите кошаркари на светот, Лука Дончиќ повторно одигра маестрална партија во нова победа на ЛА Лејекрс, овојпат над Њу Орлеанс Пеликанс 136:115. Овој натпревар беше во целост во знак на Леброн Џејмс, ветеранот синоќа стигна до 50.000 поени во НБА, прв играч во историјата со таков учинок.

Најјака чистка на гол линија за чист гол

Астон Вила синоќа иако славеше 1-3 против Клуб Бриж на гости во Белгија во првиот меч од 1/8 финале на Лига на шампиони, резултатот не ги отслика баш настаните на теренот. Белгискиот првак имаше многу шанси за гол и при резултат 1-1 многу лесно можеше да поведе. Да не беше стоперот на Вила и Англија, Тајрон Мингс.

Мајсторија на Копа Либертадорес која потсетува на Роналдињо

Веројатно се сеќавате на ремек делото на Роналдињо на Стемфорд Бриџ, кога од не знаеше што да и прави на топката, на крај ја смести во гол. Ерик Кастиљо од Алианца Лима има нешто слично да ви покаже на мечот против Депортес Икике. Убавина од гол.

Драгоцено ретро клипче со незаменливиот Роналдо на 18 години

Роналдо де Лима или „Ил феномено“, општо публиката најмногу го памети од игрите во дресот на Интер и Реал Мадрид. Но кога бил помлад, дробел многу повеќе. Снимкава е од 1994-та во дресот на Крузеиро, неговиот прв клуб во кариерата. Како поминал? 44 гола на 47 средби. Погледне го што им прави, тројца не можат да му ја земат.

Брахим Диаз му врати на Симеоне за коментарот

„Покрај сите играчи кои ги има Реал Мадрид, мислам дека Брахим Диаз нема да игра“, изјави Диего Симеоне пред мадридското дерби. 25 годишното крило му ја донесе победата на Реал Мадрид, а потоа му се изнавика на Симеоне: Зборувај сега да те видам, зборувај сега.

Што се пишмани бе другар?

Невидена комична сцена се случи на мечот меѓу Атланта Хокс и Милвоки Бакс во режија на Ториан Принц. Што ли му се случи на човеков и зошто се блокираше? Едноставно не шутна на крај, а под брк се насмеа и Док Риверс.

НБА ноќ за паметење, Леброн Џејмс стана прв во историјата со 50.000 поени

22 сезони, 4 НБА титули, 4 пати МВП на сезоната, 4 пати МВП во финалињата, па уште и 50.000 поени и сето тоа играчки во форма на свои 40 години.

Шајката на Адејеми

Од атрактивни голови вечерва во Лига на шампиони, за издвојување е оној на Хулијан Алварез на мадридското дерби. Но и на Карим Адејеми воопшто не е лош.

Реал ja доби првaтa битка против Атлетико, ПСВ бадијала ќе патува во Лондон

Дури 17 гола паднаа на првите четири осминафинални средби од ЛШ. Осум од нив во Ајндховен, каде Арсенал го нокаутираше ПСВ со 1:7. Гостински триумф бележи и Астон Вила против Клуб Бриж, а мадриското дерби ќе се решава на реваншот. Борусија не успеа да ја оправда фаворитската улога против Лил.

Голчиште и пол на Алварез на Бернабеу

Убав старт на првите осминафинални дуели од Лига на шампиони. На сите вечерашни средби има голови на полувреме. Реал Мадрид поведе на дербито против Атлетико со голот на Родриго уште во 4 минута. Одговори Хулијан Алварез со прекрасен погодок.