Карамболот во Хамбург за кој зборува Германија

Фудбалерите на големиот германски клуб Хамбургер кој последниве неколку години мака мачеше во втора лига, успеаа сезонава да се изборат за пласман назад во Бундеслига после цели 7 години! Хамбургер испаѓаше во баражи, губеше во последно коло, навивачите претрпеа многу разочарувања откако за првпат во историјата испаднаа пред седум години. Сега со 6-1 го совладаа Улм, први се на табела со 59 бода на коло пред крајот во втора лига. Навивачите збеснаа од радост и прослава.

Epa Images
Epa Images
Photo: EPA Images

Преку 60.000 навивачи на некогашниот европски шампион конечно дочекаа да прослават пласман назад во Бундеслига. Влегле на теренот а во претераното славје се корнеле бусени трева за спомен, делови од клупите за резерви, соблекувалните, седишта од трибините, мрежи од головите.

Во целиот карамбол настрадале дури 44 навивачи од кои 25 биле префрлени во локалните болници а 19 од нив заработиле потешки повреди.

Целодневна репортажа од клупскиот канал на Хамбургер за дента:

И многу славење не е на арно

15 мај 2025 - 11:09