
БАРСЕЛОНА СÈ УШТЕ Е ДАЛЕКУ ОД РЕАЛ МАДРИД ПО БРОЈ НА ТИТУЛИ НО ВО XXI ВЕК СЕ КАДЕ КАДЕ ПОДОБРИ
Во шпанскиот фудбал и натаму по бројот на титули доминантен владетел е Реал Мадрид со 36 шампионски трофеи. Барселона има 28.
Но во XXI век „кралскиот клуб“ освоил 9 шампионски пехари, а Барселона 12.
Клубот од главниот град на Шпанија имал успешна ера од средината на 1950-те години се до 1980-те кога освоиле дури 18 шампионски титули, а Барса во тој период на пехарот наменет за шампион му се израдувала само три пати. Барселона освои четири титули по ред во 1990-те а доминацијата следуваше кон средината на 2000-те години кога Каталонците направија дар-мар со 10 титули а Реал Мадрид четири пехари.
Што се однесува до трофеите од Купот на Кралот, Барселона е апсолутно убедлива со 32 пехари. Каталонците играле дури 43 финалиња на Куп (11 пати биле поразени). Атлетик Билбао има 24 пехари во Копа дел Реј (40 финалиња, 16 порази), а Реал Мадрид има 41 финале на шпански Куп со 20 трофеи и 21 пораз во финале.
Кога златната двојна круна е во прашање, Барселона тука води: ова им е веќе 9-та дупла круна (титула во првенство и Куп). Освојувале два пехари во 1952-ра, 1953-та, 1959-та, 1988-ма, 2015-та, 2016-та, 2018-та и сега во 2025-та, седум години по последната двојна круна во ерата на големиот Лео Меси.
Реал Мадрид има пет двојни круни низ историјата а последната им е, верувале или не, во далечната 1984-та.
Шампионската дружина што игра најубав фудбал
Величествен крај на Барселона со спектакуларен гол на Јамал вреден шампионска титула