
Екипата предводена од Ханси Флик постигна 96 гола на 36 натпревари во Ла Лига. Баерн Минхен постигна 95 погодоци на 33 меча во Бундеслига, но Каталонците имаат уште и 43 гола во Лига на шампиони сезонава - што е најдобар резултат меѓу сите учесници.
Ако се соберат сите Топ10 првенства во Европа, домашни купови и еврокупови, Барселона сезонава постигна 168 гола и прими 69. Гол разликата 99+ е најдобриот учинок на еден тим од најдобрите десет лиги во Европа. Најблизу Барса беше ПСЖ кој има гол разлика +91 односно 149 постигнати гола.
Барселона сезонава има 17 гола повеќе од минатата сезона, а има уште две кола до крајот на шпанското првенство. Примија 8 помалку од минатата сезона. Што се однесува до бодовите, во моментов имаат 85 бода колку што собраа и лани но сега има уште две кола до крајот.
Голем развој се гледа и кај Роберт Левандовски и Рафиња: двајцата минатата сезона постигнаа вкупно 25 гола во Ла Лига а досега сезонава неверојатни 43!
Барса го освои Купот на Шпанија со голот во продолженија на Жил Кунде. Во Лига на шампиони стигнаа до полуфинале каде испаднаа во продолженија иако водеа до последни секунди од основниот дел. Суперкуп на Шпанија освоија откако го разбија Реал Мадрид со 5:2.
РЕТКО КОЈ ВЕРУВАШЕ ВО ВАКВА МАГИЈА ОД БАРСЕЛОНА
Пред почетокот на сезоната ретко кој веруваше во Ханси Флик и Барса: букмејкерите даваа само 20% шанси за титула, а за втора титула по ред на Реал Мадрид се даваа 69%. Но ситуацијата се смени а 180 степени. Барса до последно се бореше за тројна круна.
РЕАЛ ПОСЛАБ ОД МИНАТАТА СЕЗОНА
Реал Мадрид поретко победуваше и често губеше за разлика од лани. „Кралевите“ имаат дури пет победи помалку и пет порази повеќе од минатата сезона. Имаат десет гола помалку од лани а 13 примени гола повеќе.
Моќната серија од 32 меча без пораз Реал сезонава ја продолжи до 42 натпревари а за да го израмни рекордот на Барселона од 43 меча без пораз пред неколку сезони мораше да го совлада токму најлутиот ривал. Но Барса ги демолираше 0:4 среде Мадрид и им ја прекина серијата.
Реал Мадрид минатата година изгуби само од Атлетико Мадрид и дома мина без пораз но сезонава на домашен терен претрпе порази од: Барселона, Атлетико Мадрид, Еспањол, Бетис и Валенсија.
Минатата сезона 4 играчи на Реал Мадрид имаа 10+ гола а сега тоа е само Килијан Мбапе кој држи се. Лани сјајни беа Џуд Белингем, Винисиус, Хоселу, Родриго, а сега ефикасни се само Винисиус и Мбапе. Французинот има три пати повеќе голови од сите нив во Ла Лига. 28 гола од 74 на Реал се токму на Килијан. Тој е најдобар стрелец во моментов во првенството но слаба утеха за тоа.
Реал Мадрид не освои ниту еден домашен трофеј сезонава - сите ги собра Барселона. Но Реал Мадрид ќе заврши уште една сезона со пехар - пред почетокот ја совладаа Аталанта во Супер Купот на УЕФА, а во Меѓуконтиненталниот Куп ја совладаа мексиканска Пачука.
******************************************************************
Еспањол пак не и даде на Барса да слави титула на нивен терен
Величествен крај на Барселона со спектакуларен гол на Јамал вреден шампионска титула
Реал е доминантен со титули, Барса освоила повеќе во XXI век