Еспањол пак не и даде на Барса да слави титула на нивен терен

Со најубав фудбал во цела Европа, Барселона предводена од Ханси Флик стигна до заслужена шампионска титула, 28-ма во клупската историја. Но исто како и пред две години кога освоија титула со Чави баш на гостински терен кај градскиот ривал Еспањол, така и сега не им беше дозволена прослава на терен.

Во 2023-та година кога Барса стигна до пехарот, навивачи на Еспањол влетаа во теренот и буквално ги набркаа гостинските фудбалери за да не слават на нивниот стадион.

Ситуацијата се повтори и сега. На Барса и било наложено да избегне прослава на титула на терен во случај на победа за да се избегнат немилите сцени од пред две години. Барселона победи 0-2, а по крајот на мечот веднаш на теренот беа пуштени прскалки.

Ламин Јамал, Левандовски и другите почнаа да слават на терен но набро Ханси Флик ги испрати во соблекувална за да нема проблеми со домашните навивачи.

Славјето продолжило во соблекувална, а сега се очекува и голема шампионска парада во Барселона.

Во Барселона се собрале стотина навивачи на еден од плоштадите:

Таму им се придружил и бекот Балде:

Величествен крај на Барселона со спектакуларен гол на Јамал вреден шампионска титула

16 мај 2025 - 08:16