Говор за паметење: Симеоне за Анчелоти

Чоло Симеоне и Карло Анчелоти, тренери на двата можеби најголеми шпански ривали, градските конкуренти Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, водеа многу битки во текот на годиниве. Но и покрај тензиите, вревата, спорните моменти, титулите, головите и тепачките меѓу играчите, тие двајца секогаш останаа добри пријатели. Почит. Стара школа.

Epa Images
Epa Images
Фото: Epa Images

„Нема да навлегувам во коментари на промената во Реал, тоа е одлука која ја донеле клубот и Анчелоти. Сепак како тренер и негов колега, можам да кажам дека тој е неверојатно почитуван од сите тренери кои работат во Ла Лига. Не само поради тоа што го направи во Реал Мадрид, туку поради сè што има остварено во цела кариера. Јас сум голем негов поддржувач и навистина многу го сакам. Му го кажав тоа, тој го знае тоа и му посакувам сè најдобро“, вели Аргентинецот пред крајот на сезоната.

15 мај 2025 - 15:20