Како оди трката за Златна копачка во Европа? Мбапе го стигнува Ѓекереш

Со трите гола, со хет-трикот на Мбапе против Барселона во поразот 4-3 во Ел класико за титула во Шпанија, напаѓачот на Реал Мадрид синоќа постигна гол и против Мајорка и сега е на само -1 гол од врвот на листата најдобри стрелци каде долго време царува неприкосновениот Виктор Ѓекереш.

Во последните неколку кола пред крајот од сезоната, како што се разгоруваат битките за шампионски титули, за излез во еврокупови и за опстанокот, така се разгорува и трката за најдобар стрелец во Европа.

ШТО ПРЕТСТАВУВА ЗЛАТНАТА КОПАЧКА?

Оваа награда се дава на крајот од секоја сезона и му се врачува на најдобриот стрелец во сите европски првенства. Табелата се води според коефиценти на лигите и тежината на истите (пример 2 бода носи гол во Серија А, 1,5 во Португалија, 2 во Шпанија, 2 во Премиер, 2 во Бундеслига итн. итн).

Минатата година наградата ја доби апсолутно заслужено Хари Кејн кој постигна неверојатни 36 гола на 32 меча во Бундеслига.

Во моментов во Топ 10 се:

1. Виктор Ѓекереш (38 гола, 1,5 бод= 57 бода)
2. Килијан Мбапе (28 гола, 2 бода = 56 бода)
3. Мохамед Салах (28 гола, 2 бода = 56 бода)
4. Хари Кејн (25 гола, 2 бода = 50 бода)
5. Роберт Левандовски (25 гола, 2 бода = 50 бода)
6. Матео Ретеги (24 гола, 2 бода = 38 бода)
7. Александер Исак (23 гола, 2 бода = 46)
8. Мика Бирет (2 клуба, 24 гола, 2 бода = 42,5)
9. Усман Дембеле (21 гол, 2 бода = 42 бода)
10. Ерлинг Халанд (21 гол, 2 бода = 42 бода)

До крајот Килијан Мбапе со Реал Мадрид ќе игра против Севиља на гости и Реал Сосиедад дома, Спортинг Лисабон има драматичен крај на сезоната, прв е на табела но има исто бодови (по 79) со второпласираниот ривал Бенфика на коло пред крајот.

Во последната рунда викендов Спортинг игра дома против Виторија и се очекува Ѓекереш да стави печат и на титулата и на трката за Златна копачка. Секако во случај Мбапе да не постигне неколку погодоци во двата преостанати натпревари.

Мохамед Салах кој исто така има уште големи шанси за Златна копачка за најдобар стрелец во Еврпа го чекаат уште натпревари со Брајтон на гости и со Кристал Палас дома, но во ситуација кога црвените веќе одамна ја осигураа шампионската титула во Премиер лига и ги чека голема прослава, тешко е да се верува дека Египќанецот ќе запнува по секоја цена.

15 мај 2025 - 11:49