Offside

Битката ПСЖ - Интер ќе биде само второ финале во историјата на Лига на шампиони, со претставници од овие две земји. Првото се одигра во 90-те, исто во Минхен.

Серхио Рамос сними спот за песна

Легендарниот капитен на Реал Мадрид и на Шпанија, Серхио Рамос сезонава игра во Севиља, неговиот матичен клуб за кој кажа дека му должи многу и дека затоа се вратил да му се оддолжи и на клубот и на навивачите. Добар е на терен, не како во старите времиња ама игра коректно и скоро даде гол. Во меѓувреме снимил и песна со шпанската позната група Los Yakis.

Јокиќ: Кога ќе ја завршам кариерата, посакувам никој да не ме познава

„Тажно е, секогаш кога одите во бар, ресторан, на некој натпревар, луѓето ги вадат телефоните и се обидуваат да ве снимаат“.

Трипл дабл без промашување, Вилт Чемберлен и Никола Јокиќ, толку се

Нема многу време за сумирање и правење осврти за неговите игри. Само што ќе објавиме нешто за овој човек, следува нова негова неверојатна партија, како да е најнормално и најлесно така да се игра и доминира во НБА.

Џордан или Леброн?

Прашање поставено до Чарлс Баркли кој од прва го дава и образложува одговорот во кратки црти.

Кифли, руска, сарма и Четири Скокалници

И покрај тоа што веќе неколку години организаторите на најпознатата светска турнеја во скијачки скокови - Четири скокалници имаат сериозни проблеми со недостиг на природен снег, сè е спремно за ново издание на овој спектакуларен тур.

Има ли оценка 0 за најкатастрофално издание?

Премиер лигата продолжува во полна пареа. Синоќа се одиграа три средби. Победија Манчестер Сити со Евертон на гости 1-3, Челси дома со Кристал Палас 2-1 и Волвс 1-4 на гости кај Брентфорд. Последниов тим прими дури три гола по катастрофални грешки на 22-годишниот ирски стопер Натан Колинс.

Со кои резултати Боби Милевски заслужи нов договор?

Една недела по написите во некои македонски медиуми, дека македонската фудбалска репрезентација и натаму ќе продолжи под водство на актуелниот селектор, вчера стигна потврда од ФФМ на која малку кој се радува.

Стопер, бек и аниматор на навивачи

Во фудбалската Про лига во Белгија, прв е Унион Сен Жилоа со 48 бода, втор изненадно и неочекувано најтрофејниот Андерлехт кој со години е во резултатска криза а сега освоил 42 бода на 20 меча. На четврто место е Генк кој со 34 бода конкурира за место во еврокуповите следна сезона и кој во својот штопер Марк Мекензи од САД го има најдобриот аниматор за навивачите.

Новак Ѓоковиќ е спортист на годината според Л’Екип

Најдобриот светски тенисер ќе го добие престижното признание за спортист на годината 2023 во изборот на француски L’Équipe, најреномираниот европски спортски магазин.

Калин му се заблагодари на Новак Ѓоковиќ

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски кој е на 326. место на АТП листата, во објава на Инстаграм му се заблагодари на великанот Новак Ѓоковиќ со кого во тренинзи и дружба помина десетина дена во Дубаи.

Најнеобичното и најбанално бркање од репрезентација го има Гвинеја

Африканскиот Куп на нации стартува на 13 јануари. Фудбалер на португалскиот прволигаш Арука и репрезентативец на Гвинеја е изоставен од список поради бедна случка која не проаѓа ниту во маалски фудбал.

Нова магија на Лука Дончиќ

Суперѕвездата игра во неверојатна форма и веќе неколку натпревари е нерешлива енигма за сите ривали во НБА. Само што соиграчите не го следат доволно добро, па не може се сам. Далас Маверикс синоќа изгуби 113:110 од Кливленд Кавалирс на домашен терен. Дончиќ уфрли 39 поени со седум скока и шест асистенции.

Бразилецот Фелипе Мело за воодушевеноста од Меси

„Лионел Меси е најдобриот играч што сум го видел. Ако не постигне 3 гола, ќе создаде 3 гола. Тоа е разликата меѓу него и сите други. Имам слика од Меси во мојата куќа за да можат да видат моите деца и внуци дека сум играл против него. Меси е идол за многу Бразилци“, вели Мело кој на 40 години игра за Флуминенсе, а го паметиме од Фиорентина, Јувентус, Интер, Галатасарај.

Најлошото тргнување од центар во Премиер лига после примен гол

Брентфорд беше декласиран дома од Вулверхемптон со 1:4 и веќе во 28 минута од мечот губеше 1:3. По првиот гол кој го примија во 13 минута имаат очаен старт од центар. Зошто? Затоа што примија уште еден.

Емотивно видео на Наполи во чест на Елмас

„Ти благодариме за емоциите кои ни ги подари. Сега те чекаат нови предизвици и ние ќе бидеме секогаш тука за да навиваме за тебе“, стои во објавата на Наполи.

На времето кога немаше ВАР и на терен се решаваа работите

Јувентус vs Интер, снимка пред околу 25 години која го покажува ривалството меѓу двете екипи, кои сезонава се двојат како најсериозни кандидати за Скудетото. На една страна паѓа Роналдо, на другата Дел Пјеро. Судиите на маки што да судат. Немаше тогаш репетиции на монитори, ама затоа фудбалот имаше повеќе душа. Секој секој играч „вреди“ 100 милиони.

На необичниот стадион во Белфаст има гостувано и македонска екипа

„Знаев дека ми е нешто познат клубов (не преку кладилници) и дека има играно со некој наш клуб. Па најдов, со Ренова 2011-та, на истиот тој стадион, па уште и на пенали играле“, ни пиша читател после статијата „Најчудниот стадион во Велика Британија“.

ФФМ потврди, Боби Милевски останува селектор на Македонија

Тоа што излезе како вест пред една недела во некои македонски медиуми, сега доби и официјална потврда.

Лош, полош, Детроит Пистонс

Детроит Пистонс синоќа изгуби од Бруклин Нетс 118-112 и со тој пораз постави нов негативен рекорд со дури 27 порази по ред во лигата што е апсолутен рекорд.

Потегот на вечерта во НБА е забивањето на Колин Секстон

Малку е ризично, бидејќи ако не ти успее, ќе следува сеир и во сала и на Твитер, ама Секстон тоа го направи храбро и самоуверено и на крај си го направи меракот.

Кога од предновогодишна забава ќе застанеш директ на гол

Англичаните традиционално го одиграа колото на „Боксинг деј“, од прва до петта лига. Најлошо мина Свонси кој на гостувањето против Саутемптон прими пет парчиња. Вториот гол беше живи комедии, а го постигна Самуел Едози со петица, благодарение на голманот кој блесна со најпацерската можна интервенција.

Муслиманите му замеруваат на идолот Салах што слави Нова година и Божиќ

Најголемиот египетски фудбалер на сите времиња Мохамед Салах е идол на исламскиот свет. Тој деновиве како и во претходните години во овој период им честита на навивачите католички Божиќ и спомена за жртвите во Секторот Газа. Големо огорчување во исламскиот свет предизвикало тоа што тој со семејството го одбележува Божиќ секој 25-ти декември.

Златан да ви покаже на 42 години како се изведуваат ножички на боса нога

Повредите го спречија, инаку уште ќе играше и ќе се потеше со срце за Милан. Ѕвер.

Белингем во живо го виде промашувањето на зимата

Можеби најдобриот фудбалер годинава во Европа, Џуд Белингем од Реал Мадрид ја искористил паузата во шпанскиот фудбал да се врати дома во Англија. И таму отишол да го гледа брат му Џоби Белингем (18) кој играше во стартната постава на Сандерленд против Ковентри.