Драматична завршница во Холандија, Ајакс прими гол во 99 минута и си ја уништи сезоната

На едно коло до крајот на сезоната, во холандскиот шампионат се случи луд и неочекуван пресврт. Ајакс е во шок, ПСВ е пред славје.

Епилогот во Холандија за сезоната 2024/2025 е луд и незаборавен и дефинитивно ќе се раскажува со години.

Додека фудбалерите на ПСВ го декласираа Хераклес со 4:1 и работата си ја завршија уште во прво полувреме со 4 комада, на Ајакс му се случи невиден дебакл. 

Водеше 0:1, па 1:2 против Гронинген на гости, но 12-то пласираниот тим на табела, им збрца гол во 99 минута за конечни 2:2 и им заврши огромна работа на ПСВ.

Сега ситуацијата на едно коло до крај е ПСВ 76, Ајакс 75 бода.

Ајакс имаше многу слаба сезона и се мачеше во долниот дел на табелата, потоа смени тренер се издигна и ја заграпчи првата позиција.

И сега внимавајте како клизнаа во финишот и останаа без лидерската позиција. На 27 април имаа +7 пред ПСВ, а сега се на -1.

Одиграа дома со Спарта Ротертам 1:1 и потоа им се случија два дебакли. Загубија 4:0 на гости со Утрехт, па дома од Нец 0:3. Капак на сè е ова реми против Гронинхен со гол во 99 минута за серија од 4 меча без победа.

ПСВ во последното коло игра со 11-то пласираната Спарта Ротердам, додека Ајакс е домаќин на шестопласираниот Твенте.

Секако, ништо не е загубено, се е можно во последното коло, но тешко е да се верува дека ПСВ ќе прокоцка ваква шанса. Кој ќе плаче, а кој ќе се радува во недела? 

 
15 мај 2025 - 08:50