
Кливленд Кавалирс влезе во серијата со Индијана Пејсерс со неколку повредени клучни играчи но како апсолутен фаворит. На крајот испадна дека Пејсерс им одржаа права лекција и тоа три пати на нивен терен во Охајо. Притоа во две од трите средби дома Кливленд Кавалирс имаа 20 и 19 поени предност во еден момент од тие дуели.
Главен јунак во триумфот на Индијана за конечни 4-1 во серијата беше Тајрис Халибартон со 31 поен, 6 скока и 8 асистении. Леброн Џејмс после мечот на Х објави „Хали игра проклето! Каде се сега сите оние мамлази кои викаа дека бил преценет?! Молчат како во пеколот. Тој е одличен дечко и некој со кој секој би сакал да игра“.
Халибартон имаше голема помош од Паскал Сијакам кој броеше до 21 поен, 7 скока и 5 асистенции, Ендру Нембхард даде 15 поени а Арон Несмит имаше 13. Со 10 поени и 7 скока на двоцифрените кај Пејсерс им се придодаде и Мајлс Тарнер.
Кај Кавалирс Донован Мичел постигна 35 поени со 9 скока и 1 асистенција, Иван Мобли имаше 24 поени и 11 скока а Диандре Хантер 12 поени и Даријус Гарланд 11 поени.
Ова значи дека Донован Мичел осма сезона по ред нема да игра во конференциско финале иако секоја година настапува во доигрувањето за титулата.
Кливленд Кавалирс во основниот дел од сезоната имаа неверојатни 64 победи. Нивниот тренер Кени Аткинсон беше прогласен за најдобар тренер во лигата а Иван Мобли за најдобар одбранбен кошаркар во основниот дел.
Индијана Пејсерс минатата година преку Миловки Бакс без Андетокумбо и Њујорк Никс дојдоа до финалето на Исток каде изгубија од Бостон а сега во големото фианле најверојатнио пак ќе ги чека разгоропадениот Њујорк Никс кој води 3-1 против Бостон Селтикс во полуфинале.
Во 1999-та година Индијана Пејерс и Њујорк Никс последен пат играле финале на Истокот кога за последен пат тимот од „Големото јаболко“ стигна до финале на НБА лигата.