Медиумските обврски на Аморим откако е тренер на Манчестер Јунајтед

Не е лесно да си тренер во Премиер лига. Нон стоп под лупа на новинари. Буквално. Погледнете колку работа имал пред камерите Рубен Аморим изминативе 6 месеци во Манчестер Јунајтед. Само во Премиер лига, имал обврска да се појави пред камерите 100 пати во 25 кола. На прес конференција пред и по секој натпревар, а истото да го направи посебно за клупскиот канал. Плус 175 интервјуа после секој натпревар на носителите на правата на Премиер лигата. А да е само тоа. Скоро 500 интервјуа дал од ноември до сега или просечно скоро 3 на ден.

14 мај 2025 - 08:42