Јунакот на Спортинг, кој им донесе титула после 19 години, потоа уште една, како и два Купа, заминува неславно од Манчестер Јунајтед после 14 месеци. Изгледа се прецени и ја загуби поддршката од сите.
Како што стојат работиве и Рубен Аморим го чека иста судбина како неговите претходници, кои брзо беа бркани од Олд Трафорд. 10-ти тренер е во последниве 12 години. Што ли црташе на таблата против тим кој се вика Гримзби Таун? 5:0 со втор тим треба да ги тепаш. Без никаква тактика.
Не е лесно да си тренер во Премиер лига. Нон стоп под лупа на новинари. Буквално. Погледнете колку работа имал пред камерите Рубен Аморим изминативе 6 месеци во Манчестер Јунајтед. Само во Премиер лига, имал обврска да се појави пред камерите 100 пати во 25 кола. На прес конференција пред и по секој натпревар, а истото да го направи посебно за клупскиот канал. Плус 175 интервјуа после секој натпревар на носителите на правата на Премиер лигата. А да е само тоа. Скоро 500 интервјуа дал од ноември до сега или просечно скоро 3 на ден.
Многу чудна сезона игра Манчестер под водство на Аморим. Можеа да испаднат од лига ако продолженија така, а сега се блиску до европски трофеј и пласман во Лига на шампиони.
На детево не му треба пакетче за Нова година. Го доби од Аморим, а тоа е прошетка во тренинг центарот на Манчестер Јунајтед. Малиот го пречека португалскиот стратег со подарок и потоа веројатно очекуваше само фотографија со него. Ама овој со еден потег му ја направи годината.