Сабаленка знае и да реплицира на волеј

Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленко која со месеци си поигрува со своите ривалки, синоќа изгуби во четвртфинале на АТП Мастерсот во Рим од Кинеската Чинвен Џен 6:4, 6:3. Натпреварот траеше час и 38 минути а со овој пораз Сабеланко прекина победничка серија. Во еден момент од дуелот некој од публика и дофрли: „Ајде Арина, играј тенис“, а таа возврати со: „Замолкни“!

Кинеската Женг сега ја чека полуфинале со Коко Гауф а во другото полуфинале ќе играат Паолини и Американката Стирнс. 

15 мај 2025 - 09:55