Во 5. коло на Копа Либертадорес, аргентински Расинг Клуб со 4-0 го растури чилеански Коло Коло. Расинг е прв на табела во 10 бода, а Коло Коло има само 2 бода и веќе е испаднат од групната фаза. Артуро Видал уште игра за Коло Коло, а синоќа доби втор жолт и црвен картон во 63-та минута зошто гестикулирал кон навивачите на Расинг број 2 како потсетување на 2 Копа Америка титули кои Чилеанците ги освоија токму против Аргентина на Меси во финале.