
Екипата предводена од маестралниот Винченцо Италијано која сезонава имаше и историски настап во Лига на шампиони, сега обезбеди сигурен пласман во Лига Европа за која нема да мора да се бори преку Серија А. Тоа е огромен успех за Болоња чии навивачи славеле долго во ноќта и на „Олимпико“ и при пречекот на играчите во градот.
Јунак на триумфот беше швајцарскиот репрезентативец Дам Ендоје кој го совлада Мајк Мењон во 53' минута. Милан не успеа да се израдува на пехарот во Купот на Италија кој последен пат го освои пред цели 22 години.
Милан играше бледо во текот на целиот меч и изгледаше на екипа која залутала во финалето. Ни бледа сенка не беа росонерите од оној тим кој го разби Интер со 0-3 во полуфиналето на Купот.
Единствена шанса Миланезите имаа во 10' минута кога Лука Јовиќ одблизу два пати се обиде но Лукас Скорупски му одбрани.
Болоња се одбрани до крајот, го сочува водството и заслужено победи. Последен пат Болоњезите го освоиле Купот на Италија во далечната 1974-та година и сега им дојде пак време за славје.