Тифозите на Џенова славеа што Сампдорија испадна во трета лига

Некогашниот европски вицешампион и првак на Италија, Сампдорија првпат во својата 79-годишна историја испаѓа во трета италијанска лига Серија Ц. Доријаните никако не можат да се вратат на правиот пат а по ремито 0-0 против Јуве Стабија на гости синоќа, испаднаа и математички во трета лига. Тоа беше повод за нивните најголеми градски ривали, навивачите на Џенова да слават по градските улици со огномет, трубење од коли и многу пиротехника.

14 мај 2025 - 12:27