Шок во Шпанија, луда жена со кола се залета среде навивачи на Еспањол

Пред градското дерби Еспањол - Барселона кое Барса го доби 0-2 и ја завери шампионската титула во Шпанија со прекрасен гол на Ламин Јамал, надвор пред стадионот се случил страшен инцидент. Во толпата навивачи на Еспањол некоја жена се залетала тотално без памет со огромна брзина и покосила голем број луѓе. Извештаите во Шпанија велат дека повредени се најмалку дваесетина лица од кои некои потешко.

Натпреварот за титула меѓу Еспањол и Барселона беше прекинат во 8-ма минута кога домашни навивачи им кажале на фудбалерите што се случило надвор и дека има многу повредени.

Клупата на Еспањол во 8' минута разговараше со судијата Сесар Градо кој на кратко го прекина мечот но тој продолжи после неколку минути.

Видео на кое се гледа како жена со бело возило се залетува во масата луѓе и повредува голем број лица:

Величествен крај на Барселона со спектакуларен гол на Јамал вреден шампионска титула

16 мај 2025 - 07:56