Барселона повторно покажа, после неколку години, дека нивната фудбалска школа, фабриката Ла Масија е прав извор на таленти. Во првиот тим на Каталонците последниве пар сезони главен збор водат деца од нивната академија. Ламин Јамал веќе е светска ѕвезда а има само 18 години. Тука се уште и Гави, Педри, Кубарси, Ињаки Пења, Фермин Лопез, Дани Олмо, Марк Бернал, Ектор Форт, Балде, Марк Касадо... Токму последниов кој синоќа беше на клупата за резерви при шампионското гостување кај Еспањол (0:2), подоцна дошол на познатата фонтана Каналетес во Барселона да слави со навивачите.
21-годишниот Марк Касадо сезонава имаше пристојна минутажа на 36 меча, постигна еден гол и имаше шест асистенции. Игра како последен играч за врска и се смета за наследник на Серхио Бускетц.