И во Словенија агресија на фудбал

Крајот на финалето на Купот на Словенија во кое Цеље го растурил Копер со 4-0 го одбележила голема тепачка меѓу играчите од двете екипи но и на тренерите кои наместо да смируваат, го распалиле оганот. Хаосот настанал по четвртиот погодок на Цеље кога Франк Сидибе од Копер без причина го удрил Тамар Светлин. Толку требаше. На крајот црвен добил фудбалерот Фелипе Курсио а покрај теренот се пресметувале тренерите Алберт Риера (екс Ливерпул) и Славиша Стојановиќ.

 
15 мај 2025 - 11:28