Денвер и Јокиќ не се даваат, израмнија со врвна партија на Мареј и Никола

Кошаркарите на Денвер Нагетс конечно после долго време заиграа сите од прв до последен па со голем придонес и на резервистите и на првотимците ја совладаа Оклахома Сити Тандер 119:107, израмнија на 3:3 и ги чека многу тешка мајсторка за пласман во конференциско финале.

Фото: Epa Images
Фото: Epa Images
Photo: EPA Images

Во натпреварот на сезоната за Денвер Нагетс кои беа на раб на испаѓање, добра партија и борбеност пружија сите кошаркари.

Никола Јокиќ блескаше со дабл-дабл учинок од: 29 поени, 14 скока и 8 асистенции. Џамал Мареј кој последниве недели влече повреда на десното „шутерско“ раме, постигна 25 поени со 8 скока и 7 асистенции. Јунак од сенка беше Џулијан Стротер кој уфрли 15 поени од кои осум поени во серија на крајот од третиот период да за се одбие налетот на Оклахома Сити Тандер.

Врвен дуел имаше и младиот Кристијан Браун со 23 поени, 11 скока и 5 асистенции. Мајкл Портер-Џуниор беше скромен со 10 поени а Расел Вестбрук даде 8.

Кај Оклахома Сити Тандер МВП кандидатот Шеј Гилџес-Александар беше феноменален со 32 поени, 3 скока и 6 асистенции, Чат Холгремн имаше 19 поени и 11 скока а по 10 запишаа Карузо, Валас и Лу Дорт.

Во првата четвртина екипите се менуваа во водство, а домаќините го добија тој квартал со 31:28. Но „громовите“ во втора четвртина покажаа дека незалудно беа најдобар тим во основниот дел од НБА лигата и со неверојатна серија 23-4 доаѓа до предност од 12+ разлика (58:46).

Но Јокиќ, Мареј и друштвото возвратија со серија 12-3 и на паузата се отиде со само 3 поени предност за гостите од Оклахома.

Во вториот дел на теренот играше само една екипа - Денвер Нагетс. Во третиот период Оклахома само на кратко имаше 78:76 и од тој момент почнува јуришната игра на Нагетс кој со „рафали“ им го изрешета кошот. На крајот заслужен триумф и израмнета серија 3:3.

Уште еден МВП дуел меѓу Јокиќ и Шеј Гилџес-Александер му припадна на Србинот кому навивачите му скандираа „МВП, МВП!“.

Седмата решавачка партија на програма е во недела од 21:30 во Оклахома.

 

16 мај 2025 - 07:34