Offside

Корентин Муте од Франција, кој е 57-ми на АТП, сака да ви покаже нешто на мрежа. Кој би рекол а?

НАСКАР судар на 25 автомобили

На последниот круг од НАСКАР трката во Таладега, водечкиот Тони Стјуарт ја загуби контролата и предизвика масовен судар во кој настрадаа уште 24 автомобили.

Најдебелиот голман на светот

Најдебелиот голман, а можеби и најдебелиот фудбалер воопшто, игра во романската четврта лига. Тоа е Даниел Бадислав од екипата на Киорогари кој има 130 килограми и е висок 173 сантиметри.

Најфудбалскиот ден ги оправда очекувањата

Барселона и Реал Мадрид ни приредија спектакуларно „Ел Класико", Милан и Интер одиграа уште едно напнато „Дерби дела Мадонина", „Ле Класик" во Франција полно со возбудувања и голови, московското дерби и припадна на ЦСКА, Порто ја продолжи мизеријата на Спортинг, Фенербахче ги декласираше комшиите, Шкендија го совлада шампионот...

Будуќност ги искористи грешките на МЗТ

Тренерот Тодоров предупредуваше по претходниот дуел со Широки, но неговите кошаркари очигледно не ја научија лекцијата. МЗТ Скопје го забележа првиот пораз во АБА лигата откако загуби на гостувањето кај Будуќност со 81:71.

Фетел најбрз во Јапонија

Актуелниот шампион на Формула 1, Германецот Себастијан Фетел е победник на трката за Големата награда на Јапонија на патеката Сузука. На второто место заврши Фелипе Маса, а на пиедесталот се искачи и домашниот возач, Камуи Кобајаши.

Најфудбалскиот ден во годината

Побарајте слободен ден од понежната половина, набавете си уште еден телевизор и снабдете се со доволна количина на пиво и грицки/мезе. Оваа недела, 7.10.2012, е најфудбалскиот ден во годината, а можеби и во деценијата.

Мајстор и малер на колото

Нашите читатели ни испратија две ливчиња од кладилница. Едниот е мајстор за кладење со фатени 10 натпревари од Лига Европа, а другиот е малер што го зафркнала само една. Имате ли и вие некое ливче да се пофалите или да се пожалите?

Владе Дивац - кралот на фолирантите

Изминативе денови се крена многу прав околу одлуката на НБА лигата за казнувањето на кошаркарите за „флопинг" односно симулирање на фаул. А кога ќе се спомене поимот „флопинг", тоа веднаш асоцира на Владе Дивац - човекот кој го воведе симулирањето во НБА лигата.

Никој не сака да го вработи кодошот на ФИФА

Симоне Фарина, фудбалерот кој стана амбасадор на ФИФА откако пријави дека добил понуда да намести натпревар од италијанскиот куп, по завршувањето на минатата сезона остана без клуб и сега никој не сака да го ангажира.

Леброн е подобар од Џордан

Една од легендите на НБА лигата, Чарлс Баркли конечно пронајде кошаркар кој би можел да го достигне Мајкле Џордан. Тоа е Леброн Џејмс.

Мурињо за комедијантот Балотели

Жозе Мурињо помина две сезони во Интер и за тоа време имаше „среќа" да соработува и со Марио Балотели за кого може да напише цела книга со комични случувања. Една таква случка тој ја опиша во интервју за СиЕнЕн.

Новата униформа на Њукасл

Знаеме дека Англичаните не штедат пари и купуваат секакви облеки, сувенири и реквизити со боите на омилениот клуб, но Њукасл малку претера. Кој ли би купил вакво нешто?

И Динамо Загреб ќе ги плаќа навивачите

Не се само клубовите од Обединетие Арапски Емирати. И хрватскиот клуб Динамо Загреб ќе плаќа за поддршка од навивачи. Еден среќник на натпреварот против ПСЖ ќе добие 125.000 евра

Лош ден за Македонците во Лига Европа

Само четири од осумте Македонци настапија на натпреварите во второто коло на Лига Европа, а пет од седумте екипи за кои тие играат беа поразени на денешните натпревари.

Кошаркарите останаа без селектор

Кошаркарската репрезентација на Македонија ќе добие нов селектор откако денес управниот одбор на МКФ ја прифати поднесената оставка на Марјан Лазовски.

Која е формулата за рангирањето на ФИФА?

На последното рангирање на ФИФА, репрезентација на Македонија е на 104-та позиција. ОК, тука нема ништо чудно. Но како може Англија да се искачи до 3-та позиција, Грција да е на 10-та, а Бразил на 14-та позиција? Како се прави тоа рангирање?

Шумахер се повлекува по крајот на сезоната

Михаел Шумахер по втор пат ќе ја заврши кариерата. Легендата на Формула 1 најави повлекување од натпреварувањето по крајот на сезоната.

Милан ги моли навивачите да дојдат на дерби

Лошата форма на Милан се одрази и на бројот на навивачите. Трибините на Сан Сиро на изминатите натпревари беа празни, па сега тие прават очајнички обиди за да ги привлечат навивачите за претстојното дерби против Интер.

Лавеци се изнервира

Засилувањето на ПСЖ за кого тие платија 30 милиони евра, Езекиел Лавеци синоќа влезе во игра против Порто во 73-та минута, но теренот го напушти по само 8 минути игра. Тренерот Анчелоти тврди дека морал да го извади од игра затоа што му се обновила повредата, но според начинот на кој што тој го истури својот бес на фрижидерчето со вода, можеме да заклучиме дека нозете му се во ред.

Сити извлече бод со Дортмунд

Во дуелот на англискиот и германскиот шампион, Манчестер Сити среќно извлече бод со гол од пенал во последен момент. Реал со хет-трик на Роналдо славеше кај Ајакс, а победија и Арсенал, Малага, Порто и Милан.

Втор триумф на МЗТ во АБА лигата

Македонскиот шампион забележа нов триумф во регионалната кошаркарска лига. Во второто коло од АБА лига МЗТ Скопје го совлада босанскиот Широки со 63:59.

Условна казна затвор за намерен автогол

Фудбалерот Андреа Масиело заработи условна затворска казна од 22 месеци откако призна дека во 2010-та година си постигна автогол на натпреварот помеѓу Бари и Лече.

Рација во Наполи и италијанската федерација

Финансиска полиција утринава ги пребарува просториите на фудбалскиот клуб Наполи и Фудбалската федерација на Италија.